„Животот е како возење велосипед. За да одржите рамнотежа, мора да одите напред“.
– Ајнштајн
ОВЕН
Работа: Денес би можеле да очекувате многу предизвици на деловен план, па советот е да ги контролирате повремените напади на импулсивност што е можно подобро.
Љубов: Немањето трпение и чувствителност кон секоја ситница не се добри ниту за партнерските односи. Обидете се да си ја олесните ситуацијата на прво место.
Здравје: Можна промена на крвниот притисок.
БИК
Работа: Крајот на оваа недела го дочекувате прилично уморни во секоја смисла. Многу ситници и детали би можеле да останат недовршени, но не по ваша вина.
Љубов: Слободен Бик, имате можност за нов почеток. Ништо не е лошо и може да започне некои многу интересни врски кои секако ќе бидат многу бурни, со големи емоции но и голема љубомора.
Здравје: Останете што повеќе на отворено.
Близнаци
Работа: Овој петок ќе успеете да го пребродите со големо задоволство, пред се благодарение на добрата работна атмосфера и поддршката што ќе ја имате од колегите. Размислете за тренинг, подобрување.
Љубов: Денот е совршен за дружење и излегување. Личноста која ви се допаѓа и со која имате одлична комуникација би можела да биде токму таа што ја чекате.
Здравје: Многу добро.
РАК
Работа: Раковите последниот работен ден од неделата го дочекуваат сосема задоволни и со големи планови за во иднина. Ве очекува поддршка од претпоставените.
Љубов: Доброто расположение треба да го пренесете и во љубовната сфера. Бидете посветени и внимателни кон саканата личност и ќе бидете повеќекратно наградени.
Здравје: Проблеми со дишните патишта.
ЛАВ
Работа: Вашиот вроден оптимизам и мотивација ги уриваат сите препреки. Искористете ја сопствената инвентивност и наметнете се.
Љубов: Многу добар ден за родените во овој знак кои се желни за флерт и љубовни авантури, само внимавајте нешто да не збркате.
Здравје: Повеќе прошетки и физички активности ќе ве израдуваат.
ДЕВИЦА
Работа: Девиците крајот на работната недела го дочекуваат доста психички и физички уморни и не многу задоволни од постигнатото. Не грижете се, ова е само минлив период.
Љубов: Слободни, имате желба да промените нешто, да ги прекинете сите врски кои ве оптоваруваат и ве задржуваат. Одете напред и направете го првиот чекор.
Здравје: Ниска енергија.
ВАГА
Работа: Последниот работен ден во неделата носи малку помалку работа и севкупни обврски за повеќето Ваги. Искористете го дополнителното време за да средите се што останало и оставете го чисто за следниот период.
Љубов: Има контакти и нови познанства, но се сега е недефинирано и површно.
Здравје: Проверете го крвниот притисок.
ШКОРПИЈА
Работа: Многу дополнителни обврски може да ви наметнат денес и од колегите и од претпоставените. Ќе успеете да завршите сè како што треба, а многумина ќе добијат пофалби за нивните напори.
Љубов: Поради потенцијална незаинтересираност од ваша страна, овој ден не носи никакви промени на вашето љубовно поле.
Здравје: Одлично.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Стрелците денеска треба да ја прекинат работата и да префрлат дел од своите обврски на другите членови на тимот. Бидете посугестивни кога им објаснувате и презентирате нешто на другите.
Љубов: Ќе имате можност да остварите нови познанства, па се очекува да уживате барем во едно убаво и опуштено дружење.
Здравје: Одлично.
ЈАРЕЦ
Работа: Јарците на крајот од оваа напорна работна недела ги очекуваат многу добри професионални резултати, што ви овозможува да имате стабилна деловна позиција.
Љубов: Организирајте убаво дружење во помал круг на луѓе, опуштете се.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
ВОДОЛИЈА
Работа: И денес би можеле да блеснете со својата оригиналност, особено на полето на комуникацијата и организацијата и со тоа да ја завршите оваа работна недела повеќе од задоволни.
Љубов: Денес, без некоја ваша посебна и конкретна иницијатива, се доаѓа од другата страна. Можно обновување на некоја интересна комуникација преку социјалните мрежи.
Здравје: Вратете ги спортските активности во вашиот живот доколку сте ги запоставиле.
РИБИ
Работа: Се случуваат некои промени кои не ви одговараат, но во овој момент нема да можете да влијаете на нив. Обидете се да се прилагодите на новата ситуација.
Љубов: Постои променливост и нестабилност, а вие и вашата сакана се оддалечувате и не успевате да го одржите квалитетот на врската од порано. Потребно е да се вложи малку повеќе труд и да се зборува повеќе за се.
Здравје: Психофизички замор, потребна ви е релаксација, пренесува Астропутник.