Најтешко е да се оди сам, но тоа е чекор што те прави посилен!

ОВЕН
Работа:
На крајот на работната недела, повеќето Овни очекуваат уште еден напорен ден. Без разлика на сите обврски и напори, постои секоја можност се да завршите навреме и како што треба.

Љубов: Денот пред викендот истовремено носи зголемена доза на нетрпеливост, но и навестување на потенцијално многу убави нешта кои ве очекуваат на љубовен план.

Здравје: Освен физичкиот замор, нема значајни предупредувања.

БИК
Работа:
Можно е да ви наметнат дополнителни обврски на крајот од работното време, а со тоа малку да го расипат впечатокот за прилично успешен работен ден.

Љубов: Нема навестувања за нова сензација, но ниту за поголем бран во љубовниот живот. Справете се со плановите за иднината, предложете некакво подобрување.

Здравје: Внимавајте на исхраната, можни се стомачни проблеми.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Повеќето типични претставници на Близнаците ќе ја завршат работната недела во согласност со претходните денови – многу волја и ангажман, а резултатите не треба да изостанат. Напорот дефинитивно се исплати.

Љубов: Ако нешто може да ви го разубави крајот на денот, тогаш тоа е можен пријатен разговор помешан со голема доза на сочувство кон личноста која неодамна сте ја запознале.

Здравје: Можни алергиски реакции.

РАК
Работа:
Ракот го очекува добар работен ден, можеби и малку подобар од очекуваното. Со ваш голем труд и мала помош од страна, следува успешно завршување на сите обврски.

Љубов: Астролошките околности не се лоши и имате реални шанси да го поминете денот без поголеми љубовни конфликти.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

ЛАВ
Работа:
Повеќе очекувавте и објективно можевте да бидете значително поефикасни на полето на професионалното докажување претходните денови, не грижете се, ќе има можност тоа да го докажете и во наредниот период.

Љубов: За денес нема астролошки индикации за некакви капитални промени на љубовното поле.

Здравје: Можни се помали проблеми со кардиоваскуларниот систем.

ДЕВИЦА
Работа:
Доколку рано ги завршите сите задачи, иницирањето на нови идеи оставете го за следните денови.

Љубов: Иако ви претстои просечен ден за нови љубовни постапки, од друга страна, многу е поволно да ги расчистите нејаснотијата од претходниот период.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

ВАГА
Работа:
Иако делувате прилично исцрпено, овој петок нема непремостливи работни пречки за типичните Ваги.

Љубов: Смиреноста која моментално владее на емотивното поле можете да ја искористите за да се одморите и што подобро да се подготвите за период на значително поинтензивни можности и настани.

Здравје: Обидете се да се ослободите од стресот и напнатоста.

ШКОРПИЈА
Работа:
Резултатски, за Шкорпиите е солиден работен ден, нема потреба да брзате и да сè форсирате , сè завршувате навреме.

Љубов: Без разлика дали сте задоволни или не од постоечката ситуација во љубовната сфера, ве очекува ден на предизвици и убави можности во вид на нови контакти или подигање на постоечките врски на повисоко ниво.

Здравје: Одлично.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
За солидна недела на професионално поле, логично би било да се наградите со тоа што ќе направите планови за убав одмор пред крајот на работното време.

Љубов: Во веќе споменатите планови за одмор во текот на викендот, потрудете се да најдете адекватно место за вашата сакана личност, особено ако малку сте ја запоставиле претходните денови.

Здравје: Многу добро.

ЈАРЕЦ
Работа:
Најтипичните претставници на Јарците веројатно не се штеделе претходниот ден, а како последица на се денес може да ве фати замор. Го доведувате до крај она што е веќе започнато, а ако нешто остане за следниот ден, тоа нема да биде крај на светот.

Љубов: Поради големата вклученост на други полиња, логично е дека нема да ви остане многу енергија за љубов, но секогаш можете да најдете резерва.

Здравје: Физички замор, одморете се доволно.

ВОДОЛИЈА
Работа
: Денот кој веќе е максимално натоварен со обврски може да биде зачинет со дополнителен повик за колегијална помош, поради скратување на веќе договорените рокови.

Љубов: Денес некако подобро е иницијативата да ја препуштите на другата страна.

Здравје: Потребен ви е квалитетен сон.

РИБА
Работа:
Речиси се што планиравте и започнавте во претходниот период на професионален план, треба успешно да го завршите на крајот од работната недела и со тоа да ставите крај на прилично напорниот деловен циклус.

Љубов: Истата цел, иста дистанца, па ако сте задоволни од моменталната емотивно – љубовна состојба, уживајте во неа, инаку почекајте подобар момент за поголем ангажман.

Здравје: Можни се алергиски реакции на кожата.

By Author