ОВЕН
Работа:
Последниот ден од работната недела може да биде еден од најпрометните за Овенот. Заедно со многу работа, можете да очекувате и некои одложувања или продолжување на роковите.

Љубов: Нема најава за некои значајни промени на вашиот љубовен хоризонт во текот на овој ден во однос на претходниот период.

Здравје: Психофизички замор.

БИК
Работа:
Овој петок нема да биде многу поволен за типичните Бикови доколку имаат намера тврдоглаво да инсистираат на своите ставови.

Љубов: Некои детали веројатно се малку нефункционални во љубовната сфера, па овој ден би можеле да го искористите за да размислите за нешто да подобрите.

Здравје: Потребен ви е одмор.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Овој петок на Близнаците би можело да ги следи затегната комуникација со директна деловна конкуренција, па би било добро да се воздржите од вербални конфликти.

Љубов: Не давајте нереални ветувања кои не можете да ги исполните, бидете искрени и отворени со личноста која ви се допаѓа.

Здравје: Можни ситни ревматски тегоби.

РАК
Работа:
Раковите би требало да ги завршат сите започнати обврски без поголеми потешкотии. Иако ви беше заморно, ќе бидете задоволни од резултатите.

Љубов: Ќе имате за што да размислувате и да правите планови за различни акции, особено кога станува збор за нови познанства. Уживајте и забавувајте се во пријатно друштво.

Здравје: Лоша циркулација.

ЛАВ
Работа:
Можните несогласувања со претпоставените можат да се надминат само со стремеж кон компромисни решенија. Обидете се да бидете што е можно пофлексибилни, без разлика колку е тешко.

Љубов: Можно ново познанство е на повидок овој ден, па еве можност да заблескате и да ги покажете своите заводливи способности во полн сјај.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

ДЕВИЦА
Работа:
Потрудете се да ги проверите валидните детали за наметнатите обврски, но и покрај се, со деловниот пакет доаѓа и мала нервоза во исправањето на туѓите грешки, затоа не се лутете премногу.

Љубов: Доколку имате некои дилеми поврзани со личноста која ви го привлекува вниманието, еве можност конечно да ги решите во директна комуникација без двоумење.

Здравје: Пазете се од тешки настинки.

ВАГА
Работа:
Во последниот работен ден од неделата, Вагите може да очекуваат солидни резултати на деловен план, но и потсетување на незавршените задачи поврзани пред се со формалности и документација.

Љубов: Бидете реални во своите очекувања и нема причина за незадоволство кога се во прашање љубовните врски.

Здравје: Проблеми со дишните патишта.

ШКОРПИЈА
Работа:
Повеќето претставници на знакот Шкорпија ќе имаат напорен работен ден, пред се поради многу постојана работа, но и дополнителни активности кои може да произлезат надвор од очекуваното.

Љубов: Од неколку многу интересни познанства кои можат да се случат во љубовната сфера во текот на овој ден, посебно внимание би можела да ви привлече личност многу помлада од вас.

Здравје: Чувствителност на грлото.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
На крајот од работната недела, Стрелецот треба да заврши еден циклус деловни проекти и да се посвети на плановите за иднината.

Љубов: Измешаните чувства и личните преиспитувања се главните причини денес да бидете малку посмирени, а работите да ги гледате однадвор.

Здравје: Одморете се доволно.

ЈАРЕЦ
Работа:
На крајот на работната недела, повеќето Јарци се прилично уморни, но презадоволни од постигнатите професионални резултати.

Љубов: Денешните околности во љубовната сфера можат да ви бидат многу пријатни, особено ако немате опашки од минатото и ако сте со отворено срце за нови познанства.

Здравје: Променливо расположение.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Внимавајте на важните детали, бидејќи постои можност за пропусти, грешки, губење на важни хартии.

Љубов: Денеска би можеле да ви се случат повеќе убави работи во љубовната сфера, а на вас останува да придонесете за онаа што е приоритет на вашата листа на желби.

Здравје: Нема значајни здравствени предупредувања.

РИБА
Работа:
Помалку забавените реакции и недостатокот на фокус ги предупредуваат Рибите да проверат неколку пати пред да донесат важни деловни одлуки овој петок.

Љубов: Најтипичните претставници на ова соѕвездие денеска ќе имаат одлични предиспозиции да поминат многу квалитетно време со саканата личност. Уживајте.

Здравје: Спијте доволно, пишува Астропутник.

By Author