Меѓу пријателите, треба да ги сакате не само оние кои жалат за вашите несреќи, туку и оние кои не ѝ завидуваат на вашата среќа!
ОВЕН
Работа: За повеќето типични Овни, некои веќе договорени детали за организациските промени би можеле да се формализираат денес.
Љубов: На љубовно поле можно е да започнете некои важни теми поврзани со идните планови со саканата личност.
Здравје: Пазете се од настинки.
БИК
Работа: Биковите на крајот од работната недела ги имаат сите реални изгледи успешно да ги завршат професионалните обврски во мирна атмосфера.
Љубов: Конкретен, директен разговор со саканата личност може да ви донесе решавање на важно проблематично прашање на полето на љубовните врски денес.
Здравје: Освен замор, нема значајни предупредувања, пишува Астропутник.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Последниот работен ден во неделата за типичните Близнаци претставува и крај на прилично динамичен, но и успешен деловен циклус.
Љубов: На полето на љубовните врски денес се би можело да биде флертување, неврзани разговори со интересни луѓе.
Здравје: Спијте доволно.
РАК
Работа: Без некои поголеми пречки на професионално поле, Раковите ќе успеат да ги завршат сите деловни обврски што ги започнаа денеска.
Љубов: Ве очекува поволен ден на љубовен план. Може да очекувате пријатно изненадување од саканата личност. Препуштете се на одгледувањето искрени емоции.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
ЛАВ
Работа: Во последниот работен ден од неделата на Лавовите ќе им треба многу енергија, но пред се трпение и нерви за да избегнат остри вербални деловни полемики.
Љубов: Денес во љубовната сфера ве очекува барем едно интересно запознавање со нова симпатична личност.
Здравје: Можни мали кардиоваскуларни проблеми.
ДЕВИЦА
Работа: Одличен работен ден за повеќето Девици претставува и добра основа за завршување на започнатите обврски, но и за склучување договори во врска со нови деловни проекти.
Љубов: Нема навестувања за значајни настани на емотивен план во текот на овој ден.
Здравје: Можни ситни респираторни проблеми.
ВАГА
Работа: На крајот на работната недела на Вагите ќе им биде најважно да не избрзуваат со основните деловни задачи. Опуштете се, имате многу време.
Љубов: Добро размислете и храбро застанете пред вашите одлуки кои ве очекуваат на полето на љубовните врски.
Здравје: Чувствителност на кожата, алергиски реакции.
ШКОРПИЈА
Работа: На прв поглед, нормален и мирен работен ден во суштина би можел да претставува важна пресвртница за Шкорпиите на полето на професионалниот ангажман.
Љубов: Не е пожелно само да чекате и да се надевате дека некој ќе разбере што сакате, а потоа ќе ги задоволи вашите најинтимни потреби во љубовната сфера.
Здравје: Потребен ви е квалитетен сон.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Самодовербата и чувството за сигурно владеење со ситуацијата ќе бидат силни адути во вашата намера да ги надминете пречките кои се појавуваат на вашиот деловен пат.
Љубов: Минлив флерт, ново познанство може да ви го подигне расположението во текот на овој ден.
Здравје: Грлото и респираторниот систем може да ви направат помали проблеми.
ЈАРЕЦ
Работа: По долго време, Јарците треба да имаат работен ден со многу слободно време и затоа можност да се посветат на активности кои не им се во прв план.
Љубов: Ако сакате да си дозволите чувство на задоволство, бидете исклучително флексибилни со саканата личност.
Здравје: Сосема солидно.
ВОДОЛИЈА
Работа: На Водолиите им претстои одличен крај на работната недела, а многу претставници би можеле да бидат пофалени и наградени за трудот и посветеноста во претходниот период.
Љубов: Не е лош ден да ја проверите состојбата на емоциите кон симпатична личност која неодамна ви го окупирала вниманието.
Здравје: Можни алергиски реакции.
РИБИ
Работа: И во текот на овој ден Рибите очекуваат нешто побавен ритам. Не дозволувајте тоа да ве демотивира, успевате се да завршите на време.
Љубов: Денес најмалку се очекува од вас да размислувате и комбинирате, а повеќе да дејствувате на полето на љубовните активности.
Здравје: Многу добро.