ОВЕН
Работа:
Повеќето Овнови крајот на оваа работна недела би требало да го дочекаат сосема задоволни од постигнатото, но од друга страна психофизички се многу уморни.

Љубов: Чувството на голем психофизички замор се одразува и во љубовната сфера, па сè најмногу ќе зависи од вашето расположение.

Здравје: Спијте доволно.

БИК
Работа:
Добар ден е за рекапитулирање на сработеното и правење планови за следната работна недела. Можеби ќе имајте и некој добар деловен разговор.

Љубов: Колку помалку се враќате назад и го преиспитувате минатото, толку подобро ќе се чувствувате и ќе бидете порасположени.

Здравје: Многу добро.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Денеска не треба да бидете мрзливи, сепак петок е. Затоа, потрудете се опуштено да ги завршите започнатите деловни задачи.

Љубов: Имате тајна љубов со некого, но тој не може да ви се доближи и да го направи првиот потег.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

РАК
Работа:
Многу добар крај на оваа работна недела е пред Раковите. Можно е и склучување на нов деловен договор.

Љубов: Разговарајте, покажете поголем интерес кога се во прашање потребите и очекувањата на саканата личност.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

ЛАВ
Работа:
Пред вас е нормален работен ден, без навестување за некакви непријатни изненадувања.

Љубов: Опуштениот и отворен разговор ќе ви отвори нова перспектива на целата љубовна ситуација. Многумина од вас имаат шанса да влезат во сериозна врска.

Здравје: Проблеми со дишните патишта.

ДЕВИЦА
Работа:
Потрудете се да ги завршите обврските кои сте ги започнале и не ја префрлајте топката на други, туку побарајте помош.

Љубов: Се уште постои личност која ве заинтригира и привлекува, но сè оди полека. Само бидете трпеливи.

Здравје: Многу добро, пишува Астропутник.

ВАГА
Работа:
Сè оди на свој начин и овој петок би можеле да очекувате многу поволни информации поврзани со некој проект или деловна зделка.

Љубов: Искористете го денот за заедничко дружење или планирање на претстојниот викенд. Можеби сте расположени за некое патување.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

ШКОРПИЈА
Работа:
Шкорпиите треба успешно да ги завршат закажаните обврски за оваа работна недела и да се справат со плановите за некои идни проекти и соработки што се отвораат.

Љубов: Ве очекува добар ден на љубовно поле. Можно е и пријатно изненадување од личност од вашето романтично минато.

Здравје: Можни кардиоваскуларни проблеми.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Сите околности ќе ги фаворизираат Стрелците денес да ја покажат својата професионалност на работа.

Љубов: Не треба да влегувате во авантури, несериозни врски и непроверени комбинации. Ќе има поповолни можности.

Здравје: Хронични заболувања.

ЈАРЕЦ
Работа:
Јарците би требало да ја завршат оваа донекаде напната работна недела без поголеми предизвици и барем малку да се одморат.

Љубов: Добро е да имате свој став и поглед, но не е лошо понекогаш да ја слушате и другата страна, а потоа заеднички да одлучите за најдоброто решение.

Здравје: Физички замор.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Водолиите денес би можеле да бидат зафатени, пред се, со завршување на обврските од претходниот период. Обратете посебно внимание на документацијата и формалностите.

Љубов: Солиден ден ги очекува оние претставници на овој знак кои се задоволни од моменталната ситуација во љубовната сфера. Останатите не треба да се враќаат во минатото.

Здравје: Би уживале да го поминувате времето на отворено.

РИБА
Работа:
Бидете одговорни и професионални и денес не треба да има пречки на вашето деловно патување.

Љубов: Релативно мирен и ден без најава за важни настани би требало да им одговара на Рибите кои се задоволни од моменталната ситуација во сферата на партнерските односи.

Здравје: Многу добро.

By Author