ОВЕН
Работа: Претстои одличен ден за Овните да се придвижат и физички да се активираат и да ги наполнат батериите за следниот период.
Љубов: На љубовен план ве очекува ден сличен на претходниот, без навестување за некакви пресврти.
Здравје: Одлично.
БИК
Работа: Типичните Бикови ќе имаат солиден ден за организирање и подготовка за следниот деловен период во прилично опуштена атмосфера.
Љубов: Посебно внимавајте на можна средба со стара симпатија или драга личност која долго време не сте ја виделе, а која би можела да ве фрли во сериозна дилема.
Здравје: Можни болки во коските.
БЛИЗНАЦИ
Работа: На Близнаците им претстои солиден ден за уште еднаш полека, без брзање да ги преиспитаат сите околности поврзани со иницирање на некои нови идеи, проекти.
Љубов: Позитивните околности на полето на љубовнте врски треба да се искористат пред се за да започнете нова приказна или да ја подигнете постотоечката состојба на партнерските односи на повисоко ниво.
Здравје: Можни респираторни инфекции.
РАК
Работа: На Раковите им претстои прилично мирен и опуштен ден, па се очекува на задоволителен начин да ги завршат планираните обврски. Не дозволувајте само физички да се исцрпите.
Љубов: Во текот на овој ден би можеле да очекувате мирен и опуштен ден на вашето љубовно поле.
Здравје: Можни алергиски реакции на кожата, пишува Астропутник.
ЛАВ
Работа: За повеќето Лавови овој ден носи малку пониско ниво на енергија, но сепак реално е дека ќе ги остварите сите планирани обврски. Исто така, би сакале некоја форма на рекреација.
Љубов: Би можеле да очекувате поволен ден на полето на љубовните врски, под услов да сте подготвени да ги поправите вашите превисоки очекувања.
Здравје: Можни благи ревматски тегоби.
ДЕВИЦА
Работа: Денеска на Девиците би можеле да им се одземе многу време и енергија средувањето на некои заостанати ситници од претходниот период. Сепак, секогаш спремно го дочекувате претстојниот деловен циклус.
Љубов: Во сферата на љубовта особено е важно да не мрчите премногу и да не се оптоварувате себеси и саканата личност со некои помалку важни работи. Бидете поопуштени.
Здравје: Хронични заболувања.
ВАГА
Работа: Вториот ден од викендот, Вагите треба да ги искористат предностите и да уживаат во релаксација и одмор, а деловните активности да ги остават на страна.
Љубов: Време е да иницирате барем еден директен љубовен потег. Нема ништо од тоа да чекате нешто да започне само од себе.
Здравје: Пазете се од настинки.
ШКОРПИЈА
Работа: Повеќето Шкорпии имаат реални шанси да постигнат било што – доколку доволно добро се организираат. Не се форсирајте, потребен ви е и одмор.
Љубов: Поради оптоварување со обврски, поради умор, денес нема да бидете сосема во својот елемент. Можеби другата страна ќе ве придвижи.
Здравје: Физички замор.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Одличен ден е за Стрелците да се посветат на некоја физичка активност, особено ако овие денови сте биле неактивни поради обврски.
Љубов: Обидете се да бидете што е можно попрецизни и конкретни во намерите и постапките кон личноста што неодамна ја запознавте за да нема забуни.
Здравје: Многу добро.
ЈАРЕЦ
Работа: Занимавањето со вообичаените физички работи во суштина никогаш не е проблем за типичните Јарци, а тоа ќе биде случај и оваа недела.
Љубов: Рутината и те како му одговара вашиот љубовен живот, без разлика дали е во формална или лежерна смисла, па еве ден за опуштање.
Здравје: Одлично.
ВОДОЛИЈА
Работа: Денес би можеле начелно да ги проверите договорите со најблиските соработници и на тој начин да се подготвите за уште еден многу активен период пред вас.
Љубов: Со малку повеќе труд имате солидни шанси да успеете во победничките намери.
Здравје: Многу добро.
РИБА
Работа: Без брзање и форсирање на какви било активности кои не ви одговараат денес. Грижете се за себе и обидете се добро да се одморите.
Љубов: Овој ден може да биде многу значаен за решавање на ситни дилеми кои ги имате во врска со чувствата кон личноста која постои во вашиот љубовен живот.
Здравје: Одлично.