Тие што најмногу се колнат најмалку се искрени!

ОВЕН
На почетокот нешто не беше по ваша волја, а потоа кога работите тргнаа како што бие сакате, изгубивте интерес. Се соочувате со луѓе кои не го разбираат вашето променливо расположение, не знаат како да ве задоволат. Бидете фер и внимателни кон потребите на другите луѓе.

БИК
Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи. Доброто расположение може накратко да биде уништено од неочекуван телефонски повик. Вестите што ќе ги слушнете ќе бидат чудни и нема да имате друг избор освен да слушате и да заборавите што е можно поскоро.

БЛИЗНАЦИ
Поволен ден за истражување и учење. Исто така, сигурно е дека ќе добиете понуда за членство во хуманитарна организација каде што целосно би се изразиле бидејќи вашата комуникација и уверливост се вредни за таа работа.

РАК
Поради изразените промени во расположението, вие сте почувствителни, што може да ја доведе до големо искушение разнишаната љубовна врска. Во срцето сè уште чувате силни спомени од далечното минато, па сеќавањето на неуспешната голема љубов ја вознемирува вашата нова.

ЛАВ
Денот е обележан со напнати транзити кои навестуваат стресни ситуации од кои нема лесно да излезете. Нетрпеливоста сведете ја на минимум за да избегнете поголеми неволји, особено кога се во прашање врските и љубовта.

ДЕВИЦА
Имате можност да научите како нешто добро излегува од секоја лоша работа. Проблемот со вашата моментална ситуација е отсуството на поддршка на која сметавте. Можеби е вистинскиот момент да размислите што сакате, да ви ласкаат или искрено да ве критикуваат.

ВАГА
Соочени сте со нерамнотежа помеѓу она што рационално го знаете и она што интуитивно го чувствувате. Се двоумите, премногу е луцидно да донесете важна одлука заснована само на основа на чувствата, без начин да го докажете тоа. Не барајте оправдувања за никого, вашиот суд е непогрешлив.

СКОРПИЈА
Не сте сигурни каде одите понатаму, само знаете дека ви треба промена. Немате услови за патување, а токму тоа би ви помогнало во моментов. Не паѓајте во темни расположенија, работите се случуваат како што треба, наскоро ќе знаете што да правите.

СТРЕЛЕЦ
Се соочувате со понуда од која се плашите исто колку што ја сакате. Очекувате интензивна поддршка од членовите на семејството, иако сте свесни дека тоа нема многу да ви помогне. Бидете свои, опуштете се и освојте ја позицијата со вашиот шарм.

ЈАРЕЦ
Се чувствувате празно. Можеби овие денови сте завршиле важни задачи, па сте помислиле дека овој ден ќе биде спектакуларно радосен. Задоволството отсуствува поради наглото опаѓање на адреналинот. За да се вратите, итно смислете нови цели.

ВОДОЛИЈА
Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Партнерот долго време е во сенка, ги трпи вашите професионални обврски и проблемите кои доаѓаат со тоа. Време е да му надоместите, особено на крајот од денот кога ќе му треба вашата поддршка.

РИБИ
За да постигнете некои поголеми цели, ќе мора да жртвувате нешто, а тоа можеби е поврзано со вашиот љубовен живот. Имагинативни сте, разноврсни и полни со идеи, па големи се шансите да успеете во сите ваши намери, но обидете се да не тргувате со емоции.

By Author