ОВЕН
Транзитната месечина е во вашето поле на комуникација, договори, кратки патувања, состаноци, соседства, а во текот на денешниот ден најдобро ќе се чувствувате доколку сте активни и во близок контакт со луѓе кои ги сакате и почитувате.

БИК
Транзитната Месечина на полето на личните вредности, финансиите, уживањето ви носи добро расположение и потреба да споделите како се чувствувате со луѓето кои ви се блиски. Позитивна енергија, потреба да се задоволите себеси и оние со кои сте во контакт.

БЛИЗНАЦИ
Транзитната Месечина е во вашиот знак на полето на личноста. Ќе бидете донекаде чувствителни, силно емотивни, ќе ви треба блискост и разбирање со луѓето што ги сакате. Со само малку труд, можете да поминете убав и исполнет ден.

РАК
Транзитната Месечина е во вашето потсвесно поле. Можеби е вистинско време да размислите за некои ситуации во вашиот живот, да направите нови планови и да видите каде се вашите грешки и каде се вашите силни страни. Одвојте повеќе време за себе денес.

ЛАВ
Транзитната Месечина е на полето на пријатели, социјални активности, желби. Вистинскиот момент е да се фокусирате на контактите со општеството, да поминете повеќе време во контакт со нив и да им посветите внимание. Одлична комуникација и аранжмани.

ДЕВИЦА
Транзитната Месечина ја носи потребата да бидете повеќе фокусирани на другите луѓе отколку на себе. Немојте да бидете себични и да барате внимание од другите, туку бидете подготвени сами да го дадете тоа. Некои луѓе ја очекуваат вашата помош и поддршка. Бидете блиску до нив.

ВАГА
Транзитната Месечина е во вашето поле на планови. Веројатно сте направиле некој план за активности за овој ден, а бидејќи сте полни со сила и енергија, повеќе од сигурно е дека ќе го постигнете. Уживате во контакти со луѓе кои ви носат добро расположение и смеа.

СКОРПИЈА
Транзитната Месечина на полето на промени, кризи и страсти значи дека на некои ситуации околу себе гледате доста драстично и дека сакате да постигнете конкретен напредок и да ги промените што е можно поскоро. Денеска очекувајте интензивни контакти со спротивниот пол.

СТРЕЛЕЦ
Транзитната Месечина на полето на деловните и емотивните партнерства ви носи можности да се поврзете со другите на полесен начин во текот на овој ден. Акцентот е ставен на емотивните партнерства. Не пропуштајте ја шансата да започнете приказна.

ЈАРЕЦ
Транзитната Месечина се насели на полето на секојдневниот живот. Би било добро денот да го искористите да се фокусирате на себе, за повеќе одмор и за некаква релаксација во која навистина ќе уживате. Денеска можете да се договорите со некои луѓе кои ви се важни.

ВОДОЛИЈА
Транзитната Месечина е во вашето поле на љубов, животна радост, задоволство. Би било прекрасно да го поминете овој ден опкружен со оние што ги сакате. Фокусирајте го вашето внимание на вашиот емотивен партнер, бидејќи можете да поминете многу убави моменти заедно.

РИБИ
Транзитната Месечина на полето на домот и семејството ќе им донесе на Рибите потреба за стабилизирање на односите со домаќинството и емотивниот партнер. Фокусирани сте на вашите најблиски и подготвени да споделите убави и релаксирачки моменти со нив.

By Author