ОВЕН
Нервозата во првиот дел од денот веројатно е резултат на напорната недела зад вас. Малку сте исцрпени и би било добро утрото повеќе да се одморите или да правите некои активности кои ве опуштаат. Ќе имате повеќе енергија во попладневните часови.

БИК
Контактот со емотивниот партнер најдобро би ве опуштил, но денес ќе биде тешко да се договорите со него. Дајте му време малку да се опушти, можно е попладне или навечер сепак да го постигнете посакуваниот состанок.

БЛИЗНАЦИ
Целосно сте заборавиле на ветувањата што сте ги дале и ќе треба да ги завршите обврските што си ги наметнале. Ова дефинитивно ќе ви ги промени плановите, па можно е само делумно да ги остварите. Подобро расположение во вечерните часови.

РАК
Неможноста да имате вистински контакт со саканата личност, можно е да предизвика напнатост и повремени расправии и во партнерските односи. Вие лично се чувствувате несигурно, па можете да извршите преголем притисок врз партнерот.

ЛАВ
Се обидувате да го запознаете саканиот и да исполните некои негови хирови, но денес не можете да постигнете задоволителна комуникација и врска. Можеби е подобро да се повлечеш и да и дозволиш на саканата личност сама да го реши она што ја мачи.

ДЕВИЦА
Тешко ви е да постигнете разбирање и можно е да дојде до непотребни расправии со најблиските. Имате чувство дека вашиот емотивен партнер не знае што сака и неговото однесување многу ве нервира. Не се откажувајте да се обидувате пријателски да ги расчистите работите.

ВАГА
Интересите и обврските на вас и вашиот емотивен партнер не се совпаѓаат. Ти би бил едно, саканата личност нешто друго. Можеби ќе ве повреди нејзината ексклузивност и инсистирање. Со малку добра волја, можно е да се реши оваа ситуација на обострано задоволство.

ШКОРПИЈА
Денеска би направиле сто работи одеднаш, а и самите сте свесни дека тоа не може да функционира така. Во првиот дел од денот толку многу ќе се форсирате што повремено нема да знаете каде попрво. Најдобро би било ова време да го искористите за одмор и релаксација.

СТРЕЛЕЦ
Пријателите или емотивните партнери имаат свои планови. Се очекува да се вклопите, но моментално сте премногу тврдоглави за такво нешто. Или ќе предизвикате расправија, или целосно ќе се повлечете и ќе молчите. Нема да играте по туѓи правила.

ЈАРЕЦ
Непланирано ќе потрошите повеќе пари. Благо нерасположение, бидејќи ќе се пребројувате одново и одново и ќе се нервирате поради вашите грешки. Премногу се стресувате – подобро би било овој ден да го искористите за стимулативно дружење или излегување.

ВОДОЛИЈА
Денеска решивте да го поминете денот како што вам ви одговара, без разлика дали тоа им се допаѓа на другите или не. Немаш намера да се вклопуваш во туѓото време, нека тие се вклопат во твоето. Иако ќе ги направите нервозни другите луѓе, сепак на крајот добро ќе се забавувате.

РИБИ
Некои од вашите стравови или проблеми може да излезат на виделина. Можно е најдобро да ви одговара да се повлечете и да бидете сами, бидејќи така ќе успеете да се смирите и стабилизирате. Одложете ги емотивните контакти за доцните попладневни или вечерните часови.

By Author