ОВЕН
Поминете го овој ден со вашата сакана личност. Доколку сте осамени, вистински момент е да излезете со пријателите, бидејќи ви треба друштво, а од ова занимација може да ви се пружи интересна можност.

БИК
Денес е моменталната грижа за здравјето, па затоа е вистински момент да се опуштите и да се грижите малку повеќе за себе. Прашањето е колку ќе бидете расположени за контакти со другите, треба малку да бидете сами.

БЛИЗНАЦИ
Влегувате во врска со саканата личност. Потребно ви е нејзиното присуство и блискост, особено што се чувствувате малку несигурно. Некои ќе го поминат денот во друштво на пријатели, дружење со деца или во спортски активности. Убав ден за вас.

РАК
Фокусирани сте на домот и семејната средина. Оттаму ја црпите потребната сила и енергија за следната работна недела. Ќе уживате во исполнет ден, а вечерните часови ви носат можност да запознаете сакана личност или некој што ви е интересен.

ЛАВ
Најдобро би било денот да го поминете во друштво на луѓе кои ги сакате и кои ви се блиски. Кога би можеле да одите надвор од градот на неколку часа и да се прошетате на свеж воздух покрај река… можете ли да замислите нешто поубаво од тоа?

ДЕВИЦА
Сите размислуваат за забава и опуштање, а вие размислувате што треба да направите следната недела и веќе правите план за работа во вашата глава. Секако, ќе можете и да се опуштите со вашата сакана и да украдете убави моменти само за себе.

ВАГА
Денеска ќе имате променливо расположение. Доста ви е од проблеми и грижи, па ќе барате начини да се „подигнете“. Опуштете се некаде или рекреирајте се. Ќе имате корист од патување надвор од градот или барем зголемени активности со партнерот, надвор од домот.

ШКОРПИЈА
Свесни сте дека сте при крај на некои проблеми и поопуштено размислувате за иднината. Ве носи бран на многу позитивна енергија која треба да ја искористите за релаксација, но и за контакти со блиски луѓе, пријатели, семејство, партнер.

СТРЕЛЕЦ
Ден создаден да бидете опкружени со драги луѓе и пријатели. Сакате време само за себе, сакате да се опуштите и да не размислувате за ништо оптоварувачко. Се чини дека сите коцки ќе си дојдат на своето место да ти дадат токму таков ден.

ЈАРЕЦ
Пријателите или саканата личност ќе ве убедат дека е вистинско време да одите некаде на прошетка, забава. И нема да зажалите. Ќе се опуштите до тој степен што ќе ја мразите самата помисла дека утре треба да одите на работа.

ВОДОЛИЈА
Ако вчера не сте отишле на патување, денес немате оправдување. Се, само да не се седи дома и да се губи време. Потребно е да излезете надвор со саканата личност и да поминете феноменален ден. Или уживајте со пријателите.

РИБА
Сакате да внесете позитивни промени кај себе, но и во емотивната врска во која моментално се наоѓате. Тоа ќе биде прифатено на најдобар можен начин од саканата личност. Пред вас е ден на убави и стимулативни настани, опуштете се и уживајте.

By Author