„Никогаш не го обесхрабрувај оној што континуирано напредува, без оглед колку бавно го прави тоа“. Платон

ОВЕН
На различни начини се бавите со правни и хартиени работи. Вашите организациски способности доаѓаат до израз бидејќи тоа се водите во кои совршено пливате. Оваа динамика некое време ќе ви го оддалечи умот од љубовните проблеми.

БИК
Добивате информации кои носат патоказ во кој правец треба да оди вашиот професионален развој. На прв поглед не ви изгледа примамливо, но во иднина може да прерасне во големи можности. Не ја пропуштајте можноста, останете во игра.

БЛИЗНАЦИ
Вие сте под голем притисок и се очекува да спроведете непопуларни мерки. Со вашето присуство нема да можете да спречите остри дискусии во кои ќе има тешки зборови. Заземете став и кажете го она што го имате без многу зборови.

РАК
Имате премногу идеи како да го подобрите вашиот живот, но ниту една од нив не е доволно силна за конечно да одлучите. Во тоа двоумење поминува времето, а денес ќе сфатите колку многу е веќе пропуштено. Можеби некој ви го украл планот и веќе го реализирал.

ЛАВ
Личноста со која работите донесува одлука која ве збунува. Не сте сигурни која е вистинската причина, па губите часови преиспитувајќи ја вашата одговорност. Пред да нурнете во морето на грижи, размислете дека туѓите одлуки не се ваша одговорност.

ДЕВИЦА
Непромислени сте, па не е добар момент за донесување на некои конечни одлуки, особено ако се поврзани со семејството, бракот или љубовните врски. Исто така, внимавајте на измамниците, особено ако имате некакви работи со недвижен имот.

ВАГА
Доколку имате можност да потпишете некои документи, бидете внимателни бидејќи може да ви се прикраде грешка која подоцна нема да можете да ја поправите. Вашите промени во расположението можат да го збунат партнерот и да го натераат да помисли дека повеќе не го сакате.

ШКОРПИЈА
Во центарот на вниманието е партнерот, без разлика дали се работи за љубов или деловен однос. Од вас се очекува многу толеранција, а тоа не успевате да го направите. Потрошете го вишокот енергија на физички активности, така ќе ги исчистите мислите, а попатно и ќе смислите нова стратегија.

СТРЕЛЕЦ
Љубовниот живот е во центарот на вниманието. Главната тема е лагата или тишината, без разлика дали е ваша или на некој близок. Неизвесноста за исходот може да предизвика голема непријатност што дури може да ве натера да се чувствувате лошо. Надминете ги вашите стравови бидејќи кризата е привремена.

ЈАРЕЦ
Ова е еден од оние денови кога се чини дека е најдобро да се преспие. Вистинската причина за таквото расположение лежи во тоа што ве мачи голема неодлучност, поради што не успевате да се одлучите и да донесете правилна одлука со која би сте избегнете агонија.

ВОДОЛИЈА
Добивате вести за дополнителни приходи на кои не сте сметале. Тоа е доволна причина да се вооружите со нова мотивација и уште поентузијастички да се фатите за работа. Не се преоптоварувајте повеќе од рационалните можности за на крај да не ви преседне.

РИБИ
Бидете многу внимателни денес. Одредени информации не стигнуваат до вас на вистински начин, па не сте во добра позиција да ги видите сите ризици кои демнат околу вас и кои треба да ги земете предвид пред да донесете конечна одлука.

By Author