ОВЕН
Ве мачи нетрпеливоста, станувате неподносливо напнати. Ве очекуваат новости од кои зависи планот на следните активности. Не се работи само за денес, туку на некој начин, се работи за она што одредува по кој пат ќе тргнете на долг рок.
БИК
Се чини како сите да подлегнале на атмосфера која е премногу нездрава за вашето разбирање. Интензивно смислувате начини да се ослободите од сите обврски и да поминете одредено време изолирани од сите случувања. Бидете трпеливи и не размислувајте за повлекување.
БЛИЗНАЦИ
Можеби денес ќе запознаете личност со која ве очекува романтична авантура. Меѓутоа, ако ја контролирате вашата трема, врската може да потрае. Освен тоа, избегнувајте да купувате бидејќи може да ви се прикраде грешка која подоцна нема да можете да ја поправите.
РАК
Ве очекуваат промени во чие остварување имавте значајна улога. Трпението денес не ви е силна страна, па има одредена напнатост и лошо расположение. Неопходно е да ги држите работите под контрола и да го контролирате вашиот темперамент, во спротивно ќе следи сериозен стрес.
ЛАВ
Изложени сте на непријатности. Ако продолжите да одбивате да ја прифатите новата ситуација, работите ќе ги влошите. Дополнително, очекувајте компликации со службени лица, па советот е се што правите да е законски исправно и навреме завршено.
ДЕВИЦА
Уморни сте од темпото кое ве притиска веќе некое време. Ве обесхрабруваат барањата од сите страни како и финансиските обврски кои се наталожиле. Не ги обвинувајте другите затоа што се е на вас, сте презеле се на себе, па сега е време да истраете во тоа.
ВАГА
Комуникацијата со луѓе кои се во странство може да биде од голема корист. Бизнис плановите се развиваат во насоката што ја посакувавте. Сепак, не ги земајте работите здраво за готово, чувајте ги вашите планови далеку од очите на јавноста засега.
ШКОРПИЈА
Вие сте премногу сериозни. Денот е совршен за да си дадете одмор, да избегате од работа и да поминете часови во друштво на пријатели кои не ве оптоваруваат со ништо. Работата нема да бега, никој нема да забележи дека ве нема, а ќе се вратите освежени.
СТРЕЛЕЦ
Кај вас се оди во пакет, работа, пари и љубовен живот. Сепак, од вас се бара да се прилагодите на новите околности. Не сте еластични, па сето тоа ви пречи бидејќи секоја промена што не сте ја предизвикале кај вас предизвикува фрустрација и лошо расположение.
ЈАРЕЦ
Денот е обележан со жестоки дискусии, во кои ќе ве привлечат колегите кои сте ги сметале за пријатели. По утринското опаѓање на расположението и минливата меланхолија, попладнето поминува во знак на добро расположение и многу потребна релаксација.
ВОДОЛИЈА
Не сте сосема сигурни што навистина сакате. Можно е мало подобрување на расположението, иако некои проблеми сè уште постојат. Сепак, можете да здивнете бидејќи денешниот ден не носи ништо спектакуларно добро, но што е најважно, нема ниту влошување.
РИБИ
Чувствувате наплив на енергија што ви недостасуваше. Во исто време пристигнуваат нови обврски кои може да ве загрижат. Опуштете се, иако ви претстои период на напорна работа, на крајот ќе добиете паричен надомест кој ќе ве расположи.