ОВЕН
Поради аспектите на Марс во шестата куќа, фокусирани сте на некоја работа на која пристапувате со голем ентузијазам. Родените во третата деценија се прилично нетрпеливи, додека мартовските Овни може да имаат проблеми поради нереална проценка на ситуацијата на љубовен план.
БИК
Вашите амбиции и желби се високи, поради предизвикувачкиот аспект помеѓу вашата владетелка Венера и Уран во вашиот знак. Биковите кои се занимаваат со туризам, угостителство или имаат приватна медицинска ординација ќе имаат шанса да ги зголемат приходите.
БЛИЗНАЦИ
Аспектите на Сонцето кај Ракот и вашиот владетел Меркур во Лав, одговараат на родените на крајот од знакот кои се занимаваат со работа која бара креативност и имагинација. Родените во втората деценија имаат можност да заработат преку аранжмани со странци.
РАК
Вашиот владетел Месечината во вашиот знак под влијание на Јупитер, ви носи заработка преку односите со странци. Јунските Раковите се многу упорни во напорите да ги реализираат своите замисли. Родените во третата деценија треба да се држат настрана од разговори со авторитети.
ЛАВ
Напнатиот аспект на вашиот владетел Сонцето со Сатурн на полето на парите, ве тера да се сомневате во можноста за реализација на деловен аранжман. Венера, планетата на љубовта во вашиот знак блиску до Марс на работното поле, навестува можност за романса со колега.
ДЕВИЦА
Не сте сигурни дали ќе успеете да го исполните она што се очекува од вас, ако сте августовска Девица. Вашиот владетел Меркур во Лав, под влијание на Јупитер, ги поттикнува вашите амбиции и потребата за успех, доколку се занимавате со трговија, маркетинг, пишување.
ВАГА
Нестрпливи сте да ги видите резултатите од новиот деловен потфат на кој сте пристапиле со голем ентузијазам што е можно поскоро. Аспектот помеѓу вашата владетелка Венера и Уран, планетата на флертувањето што владее со вашиот љубовен живот, навестува романтична средба.
ШКОРПИЈА
Упорни сте во желбата да го постигнете она што сте го замислиле и сигурно ќе успеете. Положбата на Месечината, симбол на емоции и сентименталност во астролошката куќа на љубовта, на родените во втората деценија им носи романтична средба со Риби или Бик.
СТРЕЛЕЦ
Со Марс, кој владее со вашата потсвест и борбеност, на полето на кариерата сте фокусирани на остварување на вашите цели. Меркур на полето на правните процеси, под влијание на вашиот владетел Јупитер, придонесува за финализирање на аранжманите со купопродажбата на недвижен имот.
ЈАРЕЦ
Аспектот на вашиот совладетел Уран со Месечината во Рак ви носи поголема заработка, доколку сте присутни во јавноста преку некоја креативна работа. Напнатиот аспект меѓу Меркур и Јупитер предупредува дека треба да избегнувате непотребни трошоци и ризични инвестиции.
ВОДОЛИЈА
Добриот аспект помеѓу Месечината и Марс на полето на работа и пари, ви носи зголемување на приходите. А секстил со вашиот владетел Уран, планетата на оригиналноста и иновативноста, ви носи одлични идеи, доколку се занимавате со туризам, хотелиерство, угостителство.
РИБИ
Вие сте во свој свет на фантазија и имагинација и не обрнувате премногу внимание на критиките на луѓето од вашата околина. Меркур, кој владее со вашиот љубовен живот, е под влијание на вашиот совладетел Јупитер, што ви отежнува да одолеете на шармот на Бик или Шкорпија.