Љубовта е најголемата сила која светот може да си ја претстави, но истовремено и најскромната.

ОВЕН
Работа:
Посебно внимание треба да посветите на работата, извештаите, документацијата бидејќи ненамерно може да направите големи грешки и пропусти.

Љубов: Солиден ден е да преземете иницијатива за некои конкретни успешни љубовни чекори. Околностите се во ваша корист.

Здравје: Одлично.

БИК
Работа:
Вториот работен ден во неделата на повеќето типични претставници на астролошкиот знак Бик им носи одредено забавување во спроведувањето на планираните професионални активности.

Љубов: Трпението денес нема да ви биде силна страна, што може да се одрази со некои непотребни вербални расправии.

Здравје: Многу различни факти и бура на идеи можат да ја преоптоварат главата.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Почетокот на работниот ден ветува многу, на вас е да го направите позитивен и успешен со ваш конкретен придонес.

Љубов: Недостигот на време и обем на работа ќе биде една од причините за недоволна и несоодветна комуникација, како и вашата незаинтересираност воопшто да се справувате со проблемите.

Здравје: Намален имунитет.

РАК
Работа:
Денеска од Ракот се очекува многу на професионален план. Треба да има доволно работна енергија, побрзајте додатно затоа што за некои прашања или деловни проекти, останува уште малку време до можноста за реализација.

Љубов: Астролошката клима е многу поволна за секакви дружења.

Здравје: Многу добро.

ЛАВ
Работа:
Вашите обврски ќе бидат многу заморни, особено затоа што на дневен ред ќе се најдат заостанати работи, па дури и можеби некои ваши неуспеси и грешки во минатото.

Љубов: Одличен ден ќе имаат сите претставници на овој астролошки знак кои сакаат да ги продлабочат и подигнат постоечките љубовни контакти на повисоко ниво.

Здравје: Одлично.

ДЕВИЦА
Работа:
Ќе имате чувство дека ситуациите почнуваат и престануваат и дека буквално се вртите во круг за некои прашања или сте блокирани од други.

Љубов: Успевате да ја усогласите работата и планираното време со саканата личност, што е многу добро.

Здравје: Одлично.

ВАГА
Работа:
Соработката со странци ќе доживее огромно забрзување и ќе ви треба сета ваша рационалност, присебност и практичност за да се справите со купот обврски кои наеднаш ќе се натрупаат.

Љубов: Саканата личност е фокусирана на сопствените планови и приоритети и само повремено ви обрнува внимание, што не ви е доволно и ве тера да се чувствувате нервозни и неисполнети.

Здравје: Нема значајни здравствени предупредувања.

ШКОРПИЈА
Работа:
Обврски ќе имате онолку колку што сакате, или не, а можеби ќе треба да повторите некои работи за да можете да го завршите започнатото.

Љубов: Ширете позитивна енергија околу себе и работете на тоа вашата врска да биде уште подобра.

Здравје: Чувствителност на уринарниот тракт.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Може да има каснење или одложување на роковите за некои работи или проблеми со документацијата. Ништо не оди со сила и не зависи се од вас.

Љубов: Обидете се да посветите повеќе време на саканата личност, намалете ги обврските и обидете се да најдете простор само за вас двајца.

Здравје: Обратете најмногу внимание на ослабениот имунитет.

ЈАРЕЦ
Работа:
Неопходен е вашиот голем ангажман, смиреност и подготвеност да се прилагодите на околностите кои ви бараат. Можете да го направите тоа, имате доволно сила и подготвеност.

Љубов: Поминете што повеќе време со саканата личност и вратете некои врски кои сте ги запоставиле во семејството или меѓу роднините.

Здравје: Одлично.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Ве очекува забрзување, но и многу непредвидени ситуации, како и комплицирана организација на обврските. Иако се ќе падне врз вас, не би требало да имате многу потешкотии под услов добро да се организирате.

Љубов: Искористете го секој слободен момент за да бидете заедно, да промените нешто во вашето секојдневие, можеби повеќе да се дружите, да излезете.

Здравје: Зголемената нервоза може да ви создаде проблеми со стомакот.

РИБА
Работа:
На Рибите им претстои многу напорен ден. Ќе мора да повториш нешто, ќе мора да поправиш нешто.

Љубов: Организирајте дружење, ќе уживате во поширок круг на пријатели и ќе се чувствувате поисполнети.

Здравје: Проверете го крвниот притисок.

By Author