Животот не е проблем што треба да се реши, туку реалност што треба да се доживее
ОВЕН
Работа: Лоша комуникација со соработниците. Денеска целата работа ќе треба да ја завршите сами, најдобро е да го прифатите тоа.
Љубов: Излезете и забавувајте се како некогаш кога имавте поголем ентузијазам. Ова особено важи за постарите претставници на вашиот знак.
Здравје: Проблеми со ‘рбетот, консултирајте се со лекари.
БИК
Работа: Ја максимизирате вашата креативност на работа. Искористете го периодот пред вас, бидејќи аспектите што ги имате во моментов можат да ви дадат одлична поддршка.
Вашите резултати нема да останат незабележани.
Љубов: Имате можност да се смирите, ви се нуди квалитетна можност, квалитетна личност за сериозна врска. Не е лоша идеја да се согласите да го искористите времето за нешто солидно кога се во прашање вашите состаноци со саканата личност.
Здравје: Отежнато дишење.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ладно и од далечина успевате да ја согледате ситуацијата во која се наоѓате и да го испланирате следниот чекор. Ќе успеете во се што ќе си поставите на ум.
Љубов: Поволен ден за љубов. На јавно место сретнувате личност која ве интригира. Излезете некаде вечерва!
Здравје: Проблеми со дишните патишта, пазете се од вируси, настинки.
РАК
Работа: Одлично ги извршувате работните обврски. Шефовите се задоволни од вашата работа, посветеност.
Љубов: Ќе почнете да се преиспитувате за љубовта. За прв пат имате чувство дека не сте сосема сигурни што сакате.
Здравје: Се препорачува вечерта да ја поминете во добро друштво.
ЛАВ
Работа: Поволен ден за презентирање на вашите идеи пред пошироката јавност. Ќе бидете задоволни од исходот на вашата работа.
Љубов: Имате повеќе опции. Обидете се да се фокусирате на онаа што ви се чини најдобро, за да не завршите со празни раце.
Здравје: Проблеми со црниот дроб.
ДЕВИЦА
Работа: Ќе имате ненадејна добивка. Разочарувањата од минатата година нема да продолжат. Поволни промени на полето на бизнисот.
Љубов: Зрачите со привлечност, можете да си играте со спротивниот пол, но не претерувајте во самата игра.
Здравје: Проблеми со циркулацијата.
ВАГА
Работа: Ќе имате корист од соработката со Овенот. Во секој случај, поволен ден, без многу гужви и брзање.
Љубов: Покажувате голема несигурност. Обидете се да размислувате малку попозитивно. Постојано живеете во минатото и анализирате емотивни настани кои повеќе не се важни.
Здравје: Проблеми со органите за варење, стомачни болки.
ШКОРПИЈА
Работа: Поволен ден за сите оние кои планираа да ја сменат работата. Може да имате помал конфликт во работниот тим.
Љубов: Се чувствувате лошо кога емоциите се во прашање. Може да забележите голем пад на самодовербата. Обидете се малку да се опуштите, не се обидувајте да искалкулирате што ќе се случи, бидејќи тоа е невозможно и така може само да се разочарате.
Здравје: Можни компликации со дишните органи. Ако тоа се случува почесто, посетете лекар.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Размислувате да започнете приватен бизнис. Добро ви е познато дека за такво нешто треба да позајмите пари.
Љубов: Големата нервоза може лошо да влијае на вашиот емотивен живот. Обидете се да ја канализирате вашата енергија за да не останете без партнери.
Здравје: Одлично се чувствувате.
ЈАРЕЦ
Работа: Сè се одолговлекува и трпение ви снемува. Можна понуда за соработка со странство. Не донесувајте важни одлуки денес.
Љубов: Ќе имате несогласувања со партнерот. Изворот на несогласувањата е големата љубомора и недовербата која трае подолго време.
Здравје: Голема чувствителност, нервоза, малаксаност.
ВОДОЛИЈА
Работа: Во вашата работна средина се случуваат различни, драстични промени. Стравот од губење на работа и промена може да ве наведе на непромислени чекори.
Љубов: Покажувате голема нервоза, емотивно сте прилично површни. Обидете се да му посветите малку повеќе внимание на партнерот.
Здравје: Проблеми со крвниот притисок.
РИБИ
Работа: Тешко се навикнувате на деловните промени. Мора полека да се прилагодувате, бидејќи отпорот може само да ве повреди.
Љубов: Проблеми со покажување на чувствата. И ако сте постојано насмеани и покажувате благ карактер, длабоко во себе сте емотивно празни, несигурни.
Здравје: Преголема нервоза, можни чести главоболки.