„Старата тага, поради големата тајна на човечкиот живот, целосно се претвора во тивка и умилна радост“. Фјодор Достоевски
ОВЕН
Работа: Како и секој Овен, така и вие сте весели, а овој ден така ќе започне за вас. Вашите шеги и хумор ќе ја релаксираат ситуацијата меѓу колегите, што позитивно ќе се одрази на работата. Денес ќе бидете убедливи, искористете го за преговори.
Љубов: Се грижите за среќата на партнерот и ќе направите се за тој да се чувствува удобно. Слободниот Овен ќе биде многу успешен во освојувањето.
Здравје: Одмарајте доволно.
БИК
Работа: Мислите дека можете сами да го направите тоа. Потребна ви е поддршка од пријателите. Овде е важно да ви помогнат финансиски. Поддршката оди преку Риби, Овен или Вага.
Љубов: Ненадејна средба и врска со Водолија. Тоа ќе биде голема страст.
Здравје: Губење на енергија, стрес.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Мислите дека можете да уживате. Но, сепак немавте среќа. Ќе мора да се потрудите и да работите повеќе денес.
Љубов: Учете да бидете потолерантни кон саканата личност. Делите многу, па не е згодно да се биде строг.
Здравје: Пливањето е препорака на денот, за подобро здравје.
РАК
Работа: Одговорно ги прифаќате обврските што ги имате. Се додека вие сте предводник, лидер на работа, таа компанија, работна организација има успех и стабилност во работата.
Љубов: Партнерот понекогаш е агресивен кон вас. Веројатно сте флегматичен.
Здравје: Чувствително на дебелото црево.
ЛАВ
Работа: Себе си или се величите или сте тотално мрзливи и незаинтересирани. Движете се. Повик од земја од северна Европа ја менува вашата работна енергија.
Љубов: Важно е да не сте во конфликт со партнерот. Често се натпреварувате кој е поголем шармер.
Здравје: Денес е добро време да направите некои вежби за истегнување.
ДЕВИЦА
Работа: Вашето расположение не смее да влијае на работата. Имате голем притисок на работа, но добро се држите. Колегите ве поддржуваат.
Љубов: Партнерот кој би ви помогнал во работата би бил вистинскиот. Усогласување со Бик или Вага.
Здравје: Пазете се од разни алергии на храна.
ВАГА
Работа: Ви работи шестото сетило. Слушате и гледате она што на другите им поминува незабележано. Вие сте во предност. Користете го позитивното.
Љубов: Покажувате вистински емоции, а партнерот е среќен.
Здравје: Избегнувајте прекумерен замор. Опуштете го нервниот систем. Масажата е вистинското решение.
ШКОРПИЈА
Работа: Деловната самодисциплина е на својот врв. Подготвени сте да кажете НЕ на се што ги нарушува вашите цели. Сè што има смисла доаѓа во обзир. Сечете со поглед.
Љубов: Не е важно што мислат другите, вие ја заштитувате и ја зајакнувате вашата врска.
Здравје: Витални сте. Нема потешкотии.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Сакате да им помогнете на сите. Би било добро да се задржите со ладна глава и да се концентрирате на моменталните задачите. Вие сте продуктивни.
Љубов: Сакате нешто ново, нешто што ќе ве „помести“. Секојдневниот живот те убива.
Здравје: Медитација.
ЈАРЕЦ
Работа: Некои од вас може да направат драстични промени во своите одлуки. Сакате да помогнете. Убаво е да се работи во заедница. Да!! Но само ако ТИ си шефот.
Љубов: Денес сте романтични. Вашата околина е изненадена. Тие се среќни поради тоа, а исто така и вашиот партнер.
Здравје: Слаба циркулација
ВОДОЛИЈА
Работа: Глава полна со свежи идеи. Сè зуе во главата како во пчеларник. Остри сте, но и внимателни. Сакате ова да функционира.
Љубов: Енергија е на завидно ниво и се се одвива без проблеми. Комуникацијата тече во вистинската насока.
Здравје: Совршен ден за вежбање и мали задолженија.
РИБИ
Работа: Повторувачките задачи почнуваат да ве задушуваат. Немате сила или волја да го правите истото од ден на ден.
Љубов: Ако сакате вашата врска да успее, дајте повеќе отколку што очекувате да добиете. Потребен ви е предизвик
Здравје: Ве мачи минатото и тоа ве гуши.