Искуството е збир од нашите разочарувања

ОВЕН
Работа: Можеби е време да започнете нешто сосема ново во однос на планетите кои ја поддржуваат вашата одлука. Ќе треба да бидете доволно фокусирани на она што ви се дава како добра шанса.

Љубов: Доколку сте доволно присутни кога се партнерските односи, нема да има проблеми. Врската со некои од претставниците на земјениот знак е со нешто помал интензитет.

Здравје: поволно во однос на претходниот период.

БИК
Работа: Ќе мора да ја послушате моменталната ситуација. Не е сè толку лошо, но ќе мора што поскоро да направите мали корекции во работата. Конкуренцијата значително напредна и ќе мора да ги следите.

Љубов: Не сте сами и тоа е вашата најголема сатисфакција. Оние кои биле во долга врска не мора да се чувствуваат лошо, поради зборовите на партнерот што може да ги каже.

Здравје: Опуштете се со одбрана музика.

БЛИЗНАЦИ
Работа: Деловната страна не е толку лоша, но вие самите се подготвувате за период на смиреност што е малку иритирачки, кога станува збор за вас. Не дозволувајте тоа да ве натера да се чувствувате лошо.

Љубов: Доколку сте заљубени, не дозволувајте емоциите да ве повлечат во насока на лоши одлуки и не многу разумни планови. Некој ви го одвлекува вниманието.

Здравје: Нервоза.

РАК
Работа: Полето на приватниот бизнис е малку лошо поставено и не сакате да си ги признаете поразите што ве стигнуваат. Некој е во силна конкуренција, кога се работи за вас и полето со кое се занимавате.

Љубов: Веќе не можете да најдете доволно време за дружење. Некој може да ви префрли за тоа. Мора да балансирате со вакви работи.

Здравје: Вклучете се во фитнес.

ЛАВ
Работа: Обидете се овој пат да се фокусирате на одреден проблем. Не сте сами во ситуацијата во која се наоѓате. Помошта на една Девица ќе ви донесе поголем паричен прилив.

Љубов: Помалку сте фокусирани на емотивната страна. Не мора да бидете доволно блиски со личноста на која мислите, се бара малку подобар пристап од вас.

Здравје: Срцева аритмија.

ДЕВИЦА
Работа: Ослободете се од стравот од неуспех. Планетите денес се на ваша страна, па нема причина повеќе да се грижите. Покажете поголема доза на доверба, овој пат.

Љубов: Доколку планиравте да се забавувате вечерта, запомнете дека ова е едно скалило погоре кога се во прашање вашите желби. Ќе имате доволно добра причина да се опуштите во пријатно друштво.

Здравје: Покачен холестерол.

ВАГА
Работа: Сте заборавиле на новите идеи, но сигурно ги имате на хартија, а некои од нив се подготвени да се реализираат во догледна иднина. Ќе имате повеќе успеси во наредниот период.

Љубов: Не очајувајте ако комуникацијата не ви е силна страна кога станува збор за партнерства. Мора да се повлечете од игра која овојпат не ви носи ништо посебно.

Здравје: Работете на имунитетот.

ШКОРПИЈА
Работа: Кога станува збор за вашиот бизнис, можете да направите добра реклама за себе доколку водите приватен бизнис. Се обидувате подобро да се пласирате, може да успеете на ако сте доволно посветени.

Љубов: Не дозволувајте некој да ве разубеди кога се во прашање емотивните врски. Партнерот е малку нерасположен и не сака подолг разговор. За се има причина.

Здравје: Преферирајте пливање.

СТРЕЛЕЦ
Работа: Сакате многу подобра работа и на вас е да одлучите како да ја најдете. Имате одлични идеи и секако ѕвезда водилка која ве поддржува на тој пат.

Љубов: Ќе треба малку повеќе да се грижите за емотивниот статус. Склони сте на поголеми промени од вообичаено.

Здравje: Главоболка.

ЈАРЕЦ
Работа: Ќе се трудите да добиете повеќе парични приливи и да се воздржите од тековни купувања. Ќе бидете доволно штедливи за подоцна да можете да ги исполните вашите желби.

Љубов: Можна романса со личност која веќе ја познавате. Може да биде пријател. Не сте имуни на нечие додворување, па ќе постапите соодветно.

Здравје: Проблем со крвниот притисок.

ВОДОЛИЈА
Работа: Ја сакате својата работа и уживате во неа. Доколку сте на работа која бара поголема посветеност, нема да ви биде тешко, бидејќи во суштина сте многу поодговорна личност отколку што изгледате.

Љубов: Ќе се трудите да дојдете до личноста на која често мислите, но во суштина не покажувате поголема доза на интерес. На некое ниво ќе мора да пресечете некои работи.

Здравје: Пазете се од стрес.

РИБА
Работа:
Имате став дека треба да се одморите пред да започнете нов работен циклус. Ќе бидете доволно брзи во промените, кои ви се поставени императивно и не можете да му одолеете на впечатокот кој моментално го имате.

Љубов: Емоциите се на вашето просечно ниво. Обидете се да ја погледнете ситуацијата малку поинаку од вообичаеното, како го правите тоа. Ќе имате прилично добар став кога се во прашање емоциите.

Здравје: Претпазливост кај хронични пациенти.

By Author