ОВЕН
Работа: Денеска прилагодете ги вашите очекувања според околностите и задолжително подгответе се добро да заапнете за да ги надминете можните пречки.
Љубов: Слободен Овен, запознавање преку пријателите, социјалните мрежи, на собир или на излегување. Уживајте.
Здравје: Многу добро.
БИК
Работа: Фокусирајте се на организацијата и потрудете се да не пропуштите ниту еден важен детал, не се потпирајте премногу на никого денес, а камоли да се карате.
Љубов: Што се однесува до љубовните врски, астролошките аспекти најавуваат потенцијална бура и многу бранови во вашето емотивно море, па обидете се тоа да го ублажите што е можно поефективно.
Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Потребно е двапати да се провери договорот пред да се потпише, да се води сметка за документацијата, а кога се во прашање договорите, бидете повнимателни.
Љубов: Слободни, околу вас се сите што ве интересираат, а контактите што ги сакате лесно можете да ги остварите, но опуштени и без длабока приврзаност.
Здравје: Можна несоница, нервоза.
РАК
Работа: Имате многу нови деловни идеи, но колку и да изгледа лесно, немојте да се залетувате, дури не проверите сè.
Љубов: Комуникацијата со нова личност на вашето љубовно патување оди добро, а за очекување е да продлабочите некои заеднички теми. Како и да е, седни и уживај.
Здравје: Пазете се од настинки, вирусни инфекции.
ЛАВ
Работа: Солиден работен ден за Лавовите успешно да ги средат отворените професионални обврски, и да направат подобар и попрецизен план за деловните чекори кои ги очекуваат во наредниот период.
Љубов: Слободни Лавови, ако веќе сте започнале приказна, не брзајте со ништо и се ќе биде во ред.
Здравје: Пазете се од настинки.
ДЕВИЦА
Работа: На Девиците им претстои солиден работен ден. Иако во самиот работен процес ве очекуваат многу нови работи, ќе се прилагодите на се.
Љубов: Се наоѓате во период кога лесно се опуштате, кога сте порасположени од вообичаено, искористете го за поминување време, дружење, излегување и уживање.
Здравје: Многу добро.
ВАГА
Работа: Типичните Ваги очекуваат сосема фер работен ден, особено ако влегле во некои нови деловни потфати.
Љубов: Искористете го овој ден за да ја покажете својата наклонетост кон саканата личност и да се посветите на некои заеднички активности и планови. Можете исто така да излезете на убаво место.
Здравје: Пазете се од полесни физички повреди.
ШКОРПИЈА
Работа: Речиси сите професионални активности денеска ќе ви одат од рака, па нема причина за грижа.
Љубов: Слободни Шкорпии, неколку луѓе се заинтересирани за вас, некои од нив јасно ги покажуваат своите намери, а некои прикриено.
Здравје: Чувствителност на респираторниот систем.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Најтипичните претставници на Стрелецот практично треба само да продолжат таму каде што застанале – односно со полна пареа и големи чекори кон професионалните цели. Сега можете успешно да извршите некои договори од претходно.
Љубов: Партнерот е незадоволен од вниманието кое го добива од вас, па треба малку да се опуштите и на адекватен начин да му се посветите.
Здравје: Оптоварување на ‘рбетот.
ЈАРЕЦ
Работа: Внимавајте на комуникацијата со соработниците, некои од нив би можеле да зборуваат премногу, но тоа не треба да ја загрози вашата стабилна деловна позиција.
Љубов: Сè треба да биде во ред помеѓу вас и вашата сакана, уживајте во вниманието, организирајте некои дружења со пријателите, излегувајте, што и да прави да се чувствувате добро.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Денеска би можеле да трчате во сите правци и да се обидете да извршите неколку деловни обврски истовремено. Обидете се да не влезете во вербален конфликт со надредените, тоа не ви треба.
Љубов: Слободна Водолија, постои можност околу вас во моментов да се вртат повеќе луѓе или да покажат некаква иницијатива кон вас.
Здравје: Стрес, замор.
РИБА
Работа: Веројатно веќе имате многу обврски, а денес ќе ви искрснат уште некои на професионално поле. Ако го завршите и тоа, тогаш ќе се појават некои нови. Бавно и организирано, се ќе решите.
Љубов: Слободни Риби, иако кон некого имате наклонетост и сочувство, сега е многу тешко да се случат конкретни настани. Почекајте поповолен период.
Здравје: Чувствителност на ‘рбетниот столб.