Сонот е она што го посакуваме, а животот е будење.

ОВЕН
Работа:
Бројните ситуации ќе бараат одредено забрзување, не е на одмет да побарате помош од некој од проверливите соработници, за да завршите се на време и без грешки.

Љубов: Сите силни освојувачки адути на најтипичните претставници на овој астролошки знак можат да дојдат до израз, па сосема логично е да ги искористите и да бидете поактивни од порано.

Здравје: Одлично.

БИК
Работа:
Повременото забрзување на некои деловни процеси ќе ви биде проблем, па затоа е важно да завршите со се што имате заостанато и евентуално да ги подобрите вештините што ви се потребни за успешно да ги чекате претстојните промени.

Љубов: Слободни бикови, преку деловниот сегмент, сегментот на социјалните мрежи, пријателите и интернетот можни се нови познанства.

Здравје: Избегнувајте тежок физички напор.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Ќе бидете исклучително инспирирани во смисла на комуникација и договор, убедливи и способни да го остварите сето она што ќе го замислите.

Љубов: Лесно ги освојувате припадниците на спротивниот пол, а може да се случат и некои поконкретни работи.

Здравје: Променливо расположение.

РАК
Работа:
Добар период е да барате нови можности, нови соработници, да отворите договори и нови деловни проекти кои ги имате на ум.

Љубов: Денеска нема да покажете голема намера да се прилагодувате еден на друг и да правите компромиси.

Здравје: Нема значајни предупредувања.

ЛАВ
Работа:
Некои од вашите иницијативи и идеи би можеле да бидат прифатени, што дополнително треба да ве мотивира и да ви даде поттик. Истрај во своите намери. Без разлика колку другите ве сопнуваат.

Љубов: Обидете се да ја погледнете моменталната ситуација од неколку агли, ставете се во позиција на другата страна, многу работи ќе ви бидат појасни.

Здравје: Заштедете ја енергијата.

ДЕВИЦА
Работа:
Треба добро да се организирате, да се договорите и да си ја отворите вратата за наредниот период кој ќе биде исполнет со активности. Не ве очекуваат посериозни пречки.

Љубов: Искористете ги моментите на импулсивност кои повремено можат да ве фатат за да внесете повеќе добра енергија и да поттикнете некои заеднички активности со личноста за која се грижите.

Здравје: Спијте доволно.

ВАГА
Работа:
Започнатите обврски ги завршувате без поголеми проблеми, а остатокот од вашето време би можеле да го посветите на планирање на некои нови деловни приказни.

Љубов: Слободна Вага, може да ве привлекува личност која е зафатена, бидете многу внимателни, не си го комплицирајте животот.

Здравје: Можни алергиски реакции.

ШКОРПИЈА
Работа:
Ќе бидете прилично преоптоварени со работата, но и со проблемите кои ги имаат вашите соработници поради заостанатите обврски. Обидете се да направите подобра организација и работете според приоритетите.

Љубов: Со свое темпо, опуштено и без големи очекувања, продолжете да градите приказна која ви одговара вам и на другата страна и уживајте во неа.

Здравје: Правете рутински здравствени прегледи.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Сега сите ситни детали и документи од кои ве болела глава се решаваат, што ќе ви даде дополнителна енергија и поттик да бидете уште поактивни.

Љубов: Планирајте кратко патување или повеќе заеднички излегувања и активности, на тој начин дополнително ќе ја ревитализирате вашата врска.

Здравје: Можни метеоропатски реакции.

ЈАРЕЦ
Работа:
Ќе се подобри комуникацијата со соработниците, а можни се брзи и неочекувани решенија за проблематичните ситуации.

Љубов: Слободни Јарци, дружењето и излегувањето со пријателите ви носат добра енергија, одлично расположение и бројни нови контакти.

Здравје: Направете баланс помеѓу работата и одморот.

Водолија
Работа:
Ако се држите до она што сте го договориле и прецизно го извршите планот, ќе бидете во одлична позиција дури и да ги надминете вашите очекувања кога станува збор за деловните резултати.

Љубов: Водолиите во емотивните врски, семејните собири, дружење со заеднички пријатели и уште малку излегувањето треба да ја ревитализираат вашата врска. Изберете каде ќе одите денес.

Здравје: Многу добро.

РИБИ
Работа:
Внимавајте на заостанатите обврски, особено од формален, документарен карактер, за да не плаќате казни.

Љубов: Партнерот ќе биде подготвен да ве сослуша, а вие за возврат бидете подготвени да не реагирате импулсивно и избрзано.

Здравје: Многу добро.

By Author