Ништо не не привлекува толку како одбивањето!
ОВЕН
Работа: Се чувствувате прилично добро во своја кожа. Чувствувате потреба и за тимска работа, па ќе се раководите од таа инерција.
Љубов: Интимноста со партнерот можете да ја разберете како поле на Нептун, каде има многу желби, но не и конкретни остварувања. Што ќе се случи зависи исклучиво од вас.
Здравје: Пијте повеќе течности.
БИК
Работа: Сакате да одите по добро изгазен пат без да размислувате конкретно колку пари можете да добиете за тоа. Бидете доволно фокусирани на вашите задачи и може да имате фантастични резултати.
Љубов: Се уште не е време да го промените партнерот. Немате јасен пат до нешто сосема ново. Скорпијата мисли на вас.
Здравје: Сте имале полоши денови.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Големата работа и труд ќе се исплатат. Мислите дека сте многу уморни и дека би било добро почесто да паузирате од работа, за навреме да се одморите.
Љубов: Упорно сонувате за Рак. Не смеете да ја преминете границата и да ги искажувате своите емоции затоа што може да повредите некого со своите постапки. Сепак, вие останувате мистериозни.
Здравје: Вртоглавица.
РАК
Работа: Сериозен деловен проблем ве загрижува веќе подолго време, но не сте обрнувале многу внимание на тоа. Чувствувате дека ќе решите многу работи во периодот што претстои.
Љубов: Ви се врти од помислата на една личност во вашата околина. Треба да бидете присебни кога се во прашање емоциите кон личноста со која можете да започнете тајна љубовна врска.
Здравје: Лоша циркулација.
ЛАВ
Работа: Премногу добро ја знаете ситуацијата во вашето опкружување што ќе сакате да остане така уште долго бидејќи чувствувате голема победа во она што моментално го работите.
Љубов: Не сте од оние кои страдаат поради љубовта. Имате свои моменти, кога ви се случуваат малку полоши аспекти, но не толку негативни за да почнете да се прашувате дали е се во ред. Стрпете се маку.
Здравје: Склони сте на алергии.
ДЕВИЦА
Работа: Малку сте радикални и непожелни меѓу колегите бидејќи откривате одредени тајни. Држете ја устата затворена додека не поминат аспектите кои ве принудуваат да бидете директни.
Љубов: Не сте во лоша средина, дури и оние кои се долго време во врска. Сигурно има нови случувања, но не до степен до кој всушност посакувате.
Здравје: Се запоставивте себеси.
ВАГА
Работа: Ако тргувате со странци, не се откажувајте од проектот. Донесувате одлични идеи, но вашата активност моментално не оди најдобро.
Љубов: На емотивно поле навистина не сте се покажале, па мислите дека некои детали мора да ги поставите поинаку од моменталната ситуација. Можна е кавга со партнерот.
Здравје: Висок холестерол.
ШКОРПИЈА
Работа: Бикот сигурно ќе ви помогне да ја достигнете целта. Не е се толку лошо како што мислевте, бидејќи овде веќе некое време може да се види многу подобро решение, а вие тоа го знаете, па одите со инерција на победникот во наредниот период.
Љубов: Љубовта кон еден бик не ви поминала. Во суштина, вие сте заљубена личност, но која нема да го признае тоа. Вие сте контрадикторни.
Здравје: Можна е повишена температура пред крај на денот.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Му давате голема поддршка на Јарецот, кој знае да го цени тоа. Не е толку лошо како што изгледа, но дефинитивно ќе треба да направите многу работа.
Љубов: Вашиот емотивен сегмент е задоволувачки до степен до кој вложувате труд. Уверете се и самите каде води сето ова и колку е буквално концентрирано вашето поле на емоции.
Здравје: Внимавајте на дигестивниот тракт.
ЈАРЕЦ
Работа: Вашата практична страна моментално е во лоша позиција и не можете да изнесете идеи што сте ги пробале одамна. Ретроградноста на планетите ве дезавуира и ве врти во погрешна насока.
Љубов: Сакате да флертувате, но сепак сте резервирани на полето на емоциите. Не е лоша идеја да планирате вечерно излегување со вашето друштво.
Здравје: Имате посилно чукање на срцето.
ВОДОЛИЈА
Работа: Бидете доволно фокусирани и не се обидувајте да се откажете од моменталната идеја. Можеби аспектите не се најдобри во моментов, но вреди да се чека подобра прилика.
Љубов: Наклоноста кон еден Рак е премногу забележлива и никој нема право да ве влече за ракав и да ви каже дека тоа не е за вас. Имате свое јас и тоа е најважно во односот со партнерот.
Здравје: Доколку сте хронично болни, бидете повнимателни.
РИБИ
Работа: Колегите гледаат дека седите на две столчиња. Споделете парче од вашиот колач со другите членови на вашата група и бидете поотворени за соработка.
Љубов: Ѕвездите велат дополнителна претпазливост за она што мислите да го правите со една Шкорпија. Мислите дека сте одличен пар.
Здравје: Пазете се од остри предмети.