„Колку повеќе човекот е совршен однадвор, толку повеќе демони носи во себеси“-Фројд.
ОВЕН
Работа: Во текот на овој ден ќе се соочите и со многу предизвици на деловен план, особено на полето на соработка и комуникација со околината. Сфатете сè како привремена пречка до целта и не реагирајте премногу импулсивно.
Љубов: Поентата не е да се обвинувате еден со друг, туку да почнете заеднички да ги решавате проблемите, а сега тоа е можно.
Здравје: Можеби сепак ве мачат проблеми со дигестивниот тракт.
БИК
Работа: Постојано проверувајте што сте направиле, особено поврзано со документите, за да избегнете посериозни грешки, а со тоа и критики од претпоставените.
Љубов: Денес нема да бидете расположени да се занимавате со љубовна тематика, па обидете се да не реагирате на провокациите на другата страна.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
БЛИЗНАЦИТЕ
Работа: Ќе има повремени одложувања во комуникацијата со луѓе кои ви се важни во бизнисот. Би било добра идеја да се обидете да избегнете несогласувања и расправии во поголем обем.
Љубов: Слободни Близнаци, можете да имате одлични можности за нови познанства преку излегување, социјални мрежи и контакти со пријателите. Уживајте.
Здравје: Освен што сте нервозни, се друго е под контрола што се однесува до здравјето.
РАК
Работа: Во некои соработки ќе треба да вложите многу труд, иако на моменти ќе ви биде доста тешко, најмногу поради тоа што деновиве ви е доста од целата работна ситуација.
Љубов: Доколку сте сингл, од вас се очекува повеќе да се движите, да се дружите, да излегувате, има простор и за нови и за стари симпатии. Опуштете се.
Здравје: Склони кон алергии, респираторни проблеми.
ЛАВ
Работа: Ви претстојат многу напнати разговори и договори, па ќе ве очекуваат многу информации кои треба да се обработат уште на самиот почеток. Мора да префрлите во поголема брзина за да фатите сè.
Љубов: Би било добро да и дадете на вашата нова симпатија малку повеќе информации за себе, се разбира доколку сакате да ја освоите. Зошто мистерии ако некој навистина ви се допаѓа.
Здравје: Одморете се доволно.
ДЕВИЦА
Работа: Ви претстои одличен ден за секаков вид на комуникација и постигнување нови договори. Можете да ги импресионирате соговорниците со вашите добри перформанси.
Љубов: Можете да го проширите кругот на заеднички пријатели, уживате во дружење и разговор со истомисленици.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
ВАГА
Работа: Фокусирајте се на она што ви е навистина важно и направете го тоа на вистински начин.. Ништо нема да може да оди глатко и без трзавици, но дефинитивно ќе оди.
Љубов: Има подобрување во вашите љубовни односи и тоа ве враќа во рамнотежа за да бидете она што навистина сте, нежни и чувствителни.
Здравје: Склони сте на настинки и помали проблеми со грлото.
ШКОРПИЈА
Работа: Шкорпии, потрудете се да го пребродите овој ден со што е можно помал конфликт со сите луѓе со кои доаѓате во контакт, и важни и несуштински.
Љубов: Анализирајте ги вашите потреби и желби, треба да елиминирате и некои работи кои ве мачат, за да направите чекор понатаму во позитивна насока.
Здравје: Пад на енергија.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Она во што сте исклучително добри да го нагласите е дека имате голема поддршка од другите за се што сакате да започнете. Искористете го тоа.
Љубов: Во деловно опкружување би можеле да очекувате ново интересно познанство, па доколку сте расположени за флерт и неврзан муабет, повелете.
Здравје: Можна главоболка.
ЈАРЕЦ
Работа: Обидете се да бидете фокусирани на работата и само така ќе успеете да завршите сè што е планирано како што сте замислиле. Побарајте помош од авторитет доколку ви е потребна за да решите некои проблеми.
Љубов: Слободните Јарци кои започнале некоја нова комуникација треба само да се опуштат и да уживаат. Има навестувања за убава љубовна приказна.
Здравје: Многу добро.
ВОДОЛИЈА
Работа: Сè оди по својот тек, воспоставено, па сите тековни обврски можете да ги завршите опуштено. Може да очекувате ненадејна финансиска добивка.
Љубов: На љубовен план се би требало да биде во ред, затоа уживајте во некоја заедничка активност со саканата личност.
Здравје: Одморете се доволно.
РИБА
Работа: Имате можност да остварите важен контакт или да започнете комуникација со личност која може многу да ви помогне при добивање на нова работа или проект.
Љубов: Ќе имате можност да остварите ненадејни нови познанства, да флертувате и да уживате во лежерна комуникација, без никакви назнаки за конкретна и посериозна приказна.
Здравје: Потребен ви е одмор и тоа што поскоро.