ОВЕН
Работа: Тешка ќе биде комуникацијата и договорите со соработниците, што може да предизвика тензии и недоразбирања кои треба да се избегнат.
Љубов: Ако во претходниот период имаше дилема поврзана со конкретизирање на некои дејствија, денес ситуацијата треба да биде сосема јасна.
Здравје: Чувствителност на уринарниот тракт.
БИК
Работа: Може да се очекуваат многу грешки и од ваша и од страна на колега. Затоа контролирајте сè што правите денес, особено документацијата.
Љубов: Слободни Бикови, во рамките на вашите желби и можности, сами одлучете по кој пат ќе се свртите и на кого ќе го посветите целосното внимание. Има можности околу вас.
Здравје: Зајакнете го имунитетот.
БЛИЗНАЦИ
Работа: Ќе мора да направите некои компромиси и да се согласите на некои услови кои не се баш онакви какви што сте сакале.
Љубов: Обратете внимание на потенцијалните љубовни сигнали кои може да ви дојдат од деловното опкружување, од некој со кој долго и добро соработувате.
Здравје: Пазете се од тешки настинки.
РАК
Работа: Може да има конфликт на мислења со некој од вашите претпоставени во врска со некои информации што ги добивате или проблеми со документацијата.
Љубов: Потребен е поотворен и поконструктивен разговор со цел да се подобрат постоечките врски. Бидете иницијатор за позитивни промени.
Здравје: Можни проблеми со ‘рбетот, зглобовите, пишува Астропутник.
ЛАВ
Работа: Проверувајте се себеси и што правите постојано. Бидете особено внимателни кога се во прашање договорите и документите, можни се посериозни грешки и пропусти.
Љубов: Слободните Лавови треба малку повеќе да се опуштат и да не се повлекуваат во себе. Со вашето променливо расположение, моментално бркате се од себе.
Здравје: Променливо расположение, можна главоболка.
ДЕВИЦА
Работа: За многумина од вас може да се отвори можност за одредено подобрување на работните услови или за остварување на многу солидна нова деловна соработка.
Љубов: Со малку повеќе ангажирање и помалку анализи би можеле да заблескате во некоја специфична љубовна акција.
Здравје: Ментален стрес.
ВАГА
Работа: Во суштина ништо ново на деловен план не ги чека типичните Ваги денес. Со малку побавно темпо, но секако ги реализирате своите професионални обврски.
Љубов: Повеќето слободни претставници може да очекуваат поинтересни средби, а особено би можел да се издвои контакт со поранешната љубов.
Здравје: Многу добро.
ШКОРПИЈА
Работа: Обидете се да завршите сè што останува зад себе. Побарајте помош од некој кому му верувате и пред се бидете трпеливи во се што правите.
Љубов: Почестете се со повеќе излегувања, дружење со пријателите бидејќи можете да ја запознаете личноста која совршено ви одговара.
Здравје: Можна чувствителност на зглобовите.
СТРЕЛЕЦ
Работа: Во комуникацијата и договорите можете да очекувате повремено забрзување и моменти на нервоза и напнатост, но сите овие пречки ќе ги надминете многу успешно.
Љубов: Доколку сте задоволни од моменталната љубовна ситуација, уживајте во неа. Во спротивно, можете да очекувате повеќе бурни моменти, па обидете се да не бидете иницијатор.
Здравје: Можна главоболка.
ЈАРЕЦ
Работа: На Јарците им претстои уште еден многу напорен работен ден, кој ќе бара голема претпазливост и флексибилност во комуникацијата со колегите. Важно е прво да не напаѓате никого.
Љубов: Треба да најдете простор и време за убави животни моменти и моменти на уживање, а тоа можете да го направите.
Здравје: Ослободете се од стресот со физичка активност.
ВОДОЛИЈА
Работа: И денес би можеле да се најдете притиснати за време, или поради зголемениот обем на работа, или поради роковите што треба да се запазат. Фокусирајте се исклучиво на работата.
Љубов: Во најавата нема спектакуларни настани што се однесува до љубовната сфера.
Здравје: Нема значајни предупредувања.
РИБА
Работа: Рибите се на добар пат да започнат ново поглавје во нивното професионално патување со нивната напорна работа и посветеност. Еден од вашите пријатели ќе ви помогне во тоа.
Љубов: Доколку размислувавте за некои важни одлуки и промени, еве можност за конструктивен разговор со саканата личност.
Здравје: Спијте доволно.