Оние кои мислат дека знаат сè, немаат начин да откријат и да научат нешто ново.

ОВЕН
Работа:
И денес комуникацијата нема да ви биде силна страна, па советот е да ја контролирате импулсивноста и да се обидете да бидете малку пофлексибилни.

Љубов: Мали проблеми и недоразбирања во комуникацијата би можеле и денес да ве очекуваат на љубовно поле.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

БИК
Работа:
Вашите претпоставени може да ве избрзаат со некои ваши обврски, особено ако треба да средите некои хартии или да се занимавате со важни документи. Не бидете нервозни, одете чекор по чекор да ги решите.

Љубов: Ако можете да подобрите нешто во врската со саканата личност, направете го тоа, ако не подобро, не ги влошувајте работите.

Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок

БЛИЗНАЦИ
Работа: Близнаците во текот на овој работен ден ги очекуваат многу обврски, најважно е да се држите до зацртаниот план и да не дозволите да бидете расфрлани на повеќе страни истовремено. Нека вашиот фокус е на вашите приоритети.

Љубов: Пред да направите нешто за што може да се каете, добро размислете дали сте биле 100% искрени со саканата личност.

Здравје: Доколку кардиоваскуларните проблеми продолжат, консултирајте се со лекар.

РАК
Работа:
Ќе има повремени прекини во комуникацијата со луѓе кои ви се важни во бизнисот. Вооружете се со трпение и покажете малку флексибилност.

Љубов: Не е поволен момент за справување со критиките, приговори, сомнежи и изразување незадоволство. Сочекате поповолен момент за разговор.

Здравје: Многу добро.

ЛАВ
Работа:
Можни се недоразбирања во комуникацијата со претпоставените, кои може малку да ве успорат и да ве направат понервозни. Преиспитајте ги вашите грандиозни цели.

Љубов: Доколку криете нешто од саканата личност, би можеле само уште повеќе да ја искомплицирате ситуацијата.

Здравје: Чувствителност на уринарниот тракт.

ДЕВИЦА
Работа:
Денеска ве очекуваат многу тензии на деловен план. Обидете се да ги решите сите недоразбирања и несогласувања со компромис ако е можно.

Љубов: Денес веројатно нема да имате сила или волја за љубовни теми. Работата е ваш приоритет во моментов.

Здравје: Пазете се од настинки и вирусни инфекции.

ВАГА
Работа:
За Вагите претстои уште еден многу добар работен ден, а предуслов за тоа е добра организација и поделба на обврските.

Љубов: Позитивната енергија многу лесно се пренесува во љубовната сфера. Затоа уживајте во секој момент со вашата сакана.

Здравје: Многу добро.

ШКОРПИЈА
Работа:
Денеска нема пречки на вашиот професионален пат, ќе бидете вредни и добро организирани, за пофалба.

Љубов: Во ваша близина има нови фини луѓе, но сè најмногу се сведува на флерт и неврзан муабет, што во принцип ви одговара во моментов.

Здравје: Намален имунитет.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Тоа што брзо размислувате не значи дека другите можат да ве разберат или да ги прифатат вашите ставови исто толку брзо. Бидете малку пофлексибилни.

Љубов: Бидете весели и оптимисти. Обидете се да приредите убаво изненадување, кратко патување, излегување на место каде што досега не сте биле, што и да е.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

ЈАРЕЦ
Работа:
На Јарците ќе им треба многу упорност и истрајност за да се справат со сите деловни предизвици што може да ги очекуваат, а тие се пред се поврзани со комуникацијата со властите.

Љубов: Вашите заеднички моменти треба да летаат безгрижно и опуштено, само нека траат што подолго.

Здравје: Чувствителност на грлото, респираторниот систем.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Овој вторник Водолијата ги очекуваат многу предизвици. Ќе ви треба многу енергија, ќе ви треба и помош, па обратете се кај проверените соработници.

Љубов: Доколку заеднички сте решиле да одите на кратко патување, нема да сакате да размислувате за проблемите, повеќе ќе се фокусирате на уживањето.

Здравје: Замор, одморете се доволно.

РИБА
Работа:
И денес би можеле да бидете мета на конкурентни луѓе и неистомисленици. Обидете се да се дистанцирате што е можно повеќе, во принцип нема да ви наштети многу.

Љубов: Би било добро да ги преиспитате вашите сомнежи и приговори пред (не)свесно да ја навредите личноста за која се грижите.

Здравје: Стрес, напнатост, пишува Astroputnik.com.

By Author