ОВЕН
Работа:
Овните ги очекува одличен ден на терен со речиси сите деловни активности, каде реално е да се истакнат на лидерски позиции.

Љубов: Новото познанство на хоризонтот може за многу кратко време да се претвори во вистинска страсна романса. Не е време за големи планови, туку да се предадете на текот на настаните и да уживате во него.

Здравје: Можни алергиски реакции.

БИК
Работа:
На Биковите им претстои одличен ден што се однесува до работата. Имате поддршка од претпоставените и можете да започнете некои нови деловни потези, зделки.

Љубов: Од вас се очекува да бидете активни и да посветите повеќе труд на саканата личност, тоа би можело повеќекратно да се исплати. Потрудете се да внесете некои позитивни промени и новитети во вашата врска, тоа ќе ве задоволи.

Здравје: Оптоварување на долниот дел од нозете, колената.

БЛИЗНАЦИ
Работа:
Близнаците во текот на оваа среда без поголеми проблеми би требало да ги спроведат повеќето од своите идеи. Сепак, не се однесувајте арогантно и не трошете драгоцена енергија, особено на некои несуштински задачи покрај главната деловна насока.

Љубов: Не дозволувајте опашките од вашето љубовно минато да се лизгаат низ вашиот живот, што може само да поттикне лошо расположение, време е да свртите нов лист.

Здравје: Многу добро.

РАК
Работа:
Се очекува одличен ден во прогнозата за повеќето Ракови, без проблем да се справат со сите планирани обврски.

Љубов: Би било убаво ако можете да пренасочите дел од вашата енергија и да ја посветите на саканата личност. Не дозволувајте монотонијата да навлезе во вашата врска.

Здравје: Внимавајте на исхраната.

ЛАВ
Работа:
Стабилниот и континуиран проток на работната енергија дава одлична основа за успешно надминување на сите препреки, но под еден услов – потребната соодветна адаптација на најблиското деловно опкружување.

Љубов: Пазете се од озборувања и флертувања на повеќе страни, брзите реакции ќе дојдат како логична последица или поради неисполнети ветувања или поради љубоморни сомнежи.

Здравје: Грижете се за одмор и квалитетен сон.

ДЕВИЦА
Работа:
Со добра организација, и соодветна поделба на обврските, имате многу реални шанси да завршите речиси сè на време и на задоволителен начин.

Љубов: Можно ненадејно ново познанство би можело да ве заинтригира повеќе отколку што очекувате. Уживајте во пријатен состанок.

Здравје: Одморете се доволно.

ВАГА
Работа:
Можеби некои луѓе од деловното опкружување се свртуваат кон поинаков начин на функционирање, но вие го следите вашиот курс што сте го зацртале на самиот почеток на приказната.

Љубов: Пазете се од љубомора, конфликти со имагинарни или вистински ривали.

Здравје: Многу добро.

ШКОРПИЈА
Работа:
Важно е да се нагласи дека не започнувате и форсирате приказни и не иницирате ништо, а особено не давајте рокови, туку дајте си доволно време пред се да размислите за се и да одлучите во која насока сакате да продолжите.

Љубов: Ќе ви треба доза трпение на полето на љубовните врски, каде треба да се занимавате со пеглање на ситуацијата и исправање на грешките.

Здравје: Бидете физички поактивни.

СТРЕЛЕЦ
Работа
: Нови идеи има и ќе има, иако за некои не е најдобро време да ги туркаат насила, најверојатно поради некои се уште недефинирани детали.

Љубов: Можности за нови познанства и неформални муабети не треба да недостасуваат во текот на овој ден на повеќето членови на ова соѕвездие.

Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.

ЈАРЕЦ
Работа: Новите идеи и претворете ги во приказна за претпоставените, постојат сите шанси да ви дадат ветар во грб кога се во прашање иновациите во работата.

Љубов: Доколку сте задоволни од моменталната состојба на вашиот љубовен живот, тогаш немате причина за грижа, но доколку имате намера да преуредите делови од вашата врска со саканата личност, многу важно ќе биде да не ги покажувате класичните знаци на тврдоглавост и ексклузивност.

Здравје: Многу добро.

ВОДОЛИЈА
Работа: Нема причина да се грижат кога е работата во прашање повеќето Водолии. Потрудете се да се фокусирате на најважните работи, работете континуирано, а помошта од пријателските колеги нема да изостане.

Љубов: Без значајни промени на вашиот љубовен хоризонт во текот на овој ден, овие денови сте малку попасивни.

Здравје: Чувство на замор, исцрпеност.

РИБИ
Работа: Пазете се од критички тонови од луѓе кои не ви се наклонети и обидете се да им ги објасните вашите намери и постапки на важни луѓе.

Љубов: Бидете пореални во вашите очекувања, ова е единствениот начин да избегнете големи разочарувања.

Здравје: Пазете се од настинки.

By Author