Среќа е кога она што го мислите, она што го кажувате и она што сте се во хармонија!

ОВЕН
Работа:
И во текот на овој ден можни се одложувања и компликации. Прилагодете ги вашите очекувања според околностите и бидете сигурни дека ќе бидете подготвени добро да потегнете за да ги надминете пречките.

Љубов: На љубовен план ве очекува ден сличен на претходниот. Најчесто избирате погрешни начини за меѓусебна интеракција и никогаш не успевате да најдете средина.

Здравје: Многу добро.

БИК
Работа:
Фокусирајте се на организацијата и обидете се да не пропуштите ниту еден важен детал, не се потпирајте премногу на никого денес.

Љубов: Што се однесува до љубовните врски, астролошките аспекти најавуваат потенцијална бура и многу бранови во вашето емотивно море, па обидете се тоа да го ублажите што е можно поефективно.

Здравје: Можни проблеми со дишните патишта.

БЛИЗНАЦИТЕ
Работа:
Контакти, зделки, важни информации, состаноци се во игра денес и можете да направите значаен чекор кон она кон што се стремите.

Љубов: Доколку размислувате за заедничко патување, сега е вистинското време за тоа. Ви треба релаксација.

Здравје: Можна несоница, нервоза.

РАК
Работа:
Може да бидете растргнати меѓу обврските и она што би сакале да го започнете – за жал, обврските мора да бидат на прво место во моментот, а плановите полека туркајте ги и не се откажувајте.

Љубов: Ако некако успевате што помалку да ја анализирате и да се буните за секоја ситница, дури и ако сте во право, тогаш имате реални шанси да го дочекате крајот на денот барем на позитивна љубовна нула.

Здравје: Стрес, исцрпеност.

ЛАВ
Работа:
Солиден работен ден за Лавовите успешно да ги средат отворените професионални обврски, и да направат подобар и попрецизен план за деловните чекори кои ги очекуваат во наредниот период.

Љубов: Обидете се да бидете фер кон себе и со саканата личност, овој ден ќе ви донесе неплодни, непотребни дискусии и недоразбирања во партнерските односи.

Здравје: Чувствителност на ‘рбетот, зглобовите.

ДЕВИЦА
Работа:
На Девиците им претстои солиден работен ден. Иако во самиот работен процес ве очекуваат многу нови работи, ќе се прилагодите на се.

Љубов: Многу поволен ден за интересни познанства и воспоставување нови емотивни и романтични контакти, пред се за оние кои не се задоволни од моменталната ситуација.

Здравје: Можна несоница.

ВАГА
Работа:
И денес би можеле да бидете оптеретени со бројни обврски, па ни помошта на некој од вашите блиски соработници можеби нема да биде доволна за да завршите се на време.

Љубов: Денеска ве очекуваат уште незгодни ситуации во љубовната сфера, а најмногу внимание посветете на импулсивноста, нетактичноста и грубите зборови упатени до саканата личност, пишува астропутник.

Здравје: Променливо расположение.

ШКОРПИЈА
Работа:
Новите идеи и размислувања за промени веќе тропаат на вашата професионална врата, но денес најдобро би било да се справите со заостанатите работи од претходниот период. Само бидете трпеливи.

Љубов: Слободни Шкорпии, повеќе луѓе се заинтересирани за вас, некои од нив јасно ги покажуваат своите намери, а некои прикриено.

Здравје: Пазете се од настинки, можна треска.

СТРЕЛЕЦ
Работа:
Најтипичните претставници на Стрелецот практично треба само да продолжат таму каде што застанале – односно со полна пареа и големи чекори кон професионалните цели.

Љубов: Партнерот е незадоволен од вниманието кое го добива од вас, што може да доведе до ситни кавги и препукувања.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

ЈАРЕЦ
Работа:
Внимавајте на комуникацијата со соработниците, некои од нив би можеле премногу да ве изнервираат, но тоа не треба да ги загрози вашите прилично стабилни деловни односи.

Љубов: Сè треба да биде во ред помеѓу вас и вашата сакана личност, да уживате во вниманието, да се грижите еден за друг, да се опуштите.

Здравје: Зајакнете го имунитетот.

ВОДОЛИЈА
Работа:
Работниот ден не е лош период да се растгнете на сите страни и да се обидете да извршите неколку деловни обврски истовремено. Сепак, обидете се да не трошите премногу енергија.

Љубов: Слободна Водолија, постои можност околу вас во моментов да се вртат повеќе луѓе или да покажат некаква иницијатива кон вас.

Здравје: Исцрпеност, физички замор.

РИБА
Работа:
Веројатно веќе имате многу обврски, а денес ви претстои уштенекоја приказна на професионално поле. Полека, со добра организација, се постигнувате успешно и навреме.

Љубов: Доколку сте имале премногу нереални, соништа и очекувања, реалноста веројатно ве спуштила на земја. И тоа е за народот.

Здравје: Можни осцилации на крвниот притисок.

By Author