Вестите од најнаселената земја во светот поминаа речиси незабележливо во нашите медиуми. Имено, Министерството за образование на Кина донесе одлука да ја забрани употребата на мобилни телефони во училиштата.

Оваа забрана ќе важи во сите основни и средни училишта во земјава, а донесена е во интерес на децата, бидејќи ќе им помогне повеќе да се концентрираат на учењето.

Во Македонија мислењата за ова прашање се поделени, особено меѓу наставниците и родителите. Додека првите едноставно се „алергични“ на мобилни телефони кои ги попречуваат часовите, вторите, опседнати со контрола, сакаат во секое време да знаат каде е нивното дете и што прави.

Како преживеале нашите родители без мобилни, ако детето сте го испратиле во училишт веројатно е таму и треба да следи настава не да разговара на мобилен и да си игра игрички.

By Author