Буџетскиот дефицит на САД се искачи на рекордни 1,9 трилиони американски долари во првите седум месеци од тековната буџетска година, надуени со милијарди долари потрошени за помош, при спрвување со пандемијата на Коронавирусот.

Во месечниот извештај за буџетот, Министерството за финансии во средата рече дека тековниот дефицит е за 30,3 отсто поголем од дефицитот во исто време пред една година, што изнесуваше 1,48 трилиони американски долари. Годината во најголем дел се должеше на влијанието на пандемијата, што ја поттикна Владата да одобри милијарди долари за покривање на три рунди индивидуална помош, дополнителни надоместоци за невработеност и поддршка за малите бизниси.

Дефицитот за буџетската година што заврши на 30 септември, беше рекорден 3,1 милијарди долари, а многу економисти сметаат дека оваа година ќе го надмине тоа. Некои предвидуваат дефицит од 3,3 трилиони долари.

Во април, дефицитот изнесуваше 225,6 милијарди долари, што е значително помалку отколку во април 2020 година, кога изнесуваше 738 милијарди долари. Ова подобрување го одразува фактот дека оваа година имало помалку исплати за олеснување и дека граѓаните морале да плаќаат даноци без одлагање, во вообичаениот априлски рок, додека минатата година сите плаќања на даноци беа одложени на почетокот на пандемијата.

By Admin