Несреќата се случила во рудник за јаглен
Голем број рудари останаа заробени под земја по експлозија во рудник во близина на градот Амасра во Турција.
Гувернерот на провинцијата Бартин, каде што се наоѓа овој рудник, Нуртај Арслан, објави дека рударите се заробени под земја. Во соопштението од неговиот кабинет се наведува дека „делумна експлозија се случила на надморска височина од минус 300 метри“ во рудник за јаглен, јавуваат турските медиуми.
Според првите информации од турските медиуми, под земја има десетици рудари, а некои проценки велат дека ги има дури меѓу 100 и 150.