Меѓународниот ден на трудот – Први мај се слави ширум светот во спомен на денот кога работниците во Чикаго на 1 мај 1886 година почнаа да се борат за осумчасовна работа со штрајкови и протести. Со години на овој ден отсуствуваат масовни демонстрации и протести на работниците, а два неработни дена се користат за да се оди на првомајско излети, престој во природа и дружење со семејството и пријателите.
Празникот со кој се слави борбата и достигнувањата во областа на работничките права изгуби дел од својата вредност. Денеска кога економската криза зема се повеќе замав, не сум сигурна дали народот нема доволно доблест да го крене својот глас, или само се зборува за економска криза и како тоа зејтинот има превисока цена од 2 и нешто евра и ред други производи на кои цените во последно време им се покачен драстично; а пари за туристички аранжмани има.
Речиси и да не се спомнуваат работничките права и борбата за вистинските вредности на работничкото движење.
Одбележувањето на Денот на трудот се сведе на првомајски излети и престој во природа. Некои наши сограѓани неработните денови ќе ги поминат на излетнички места и соседните држави, а постарите со носталгија се сеќаваат како некогаш се празнувал 1 мај.
Претставниците на еколошките организации апелираат до сите посетители на излетничките места и селата да ја чуваат природата и да не оставаат ѓубре, а од противпожарната и спасувачката единица советуваат да не палат оган на отворено, за да не дојде до пожар.