Откако по иницијатива и заложби на Свештената Бигорска Обител, Благодатниот Ерусалимски Оган за прв пат на Света Пасха беше донесен денес по 14 пат во вечерните часови, Велика сабота, во нашата држава ќе пристигне благодатниот оган од Ерусалим.

Ќе биде преземен од свештени лица на аеродромот „Скопје” и пренесен низ епархиите на Македонската православна црква.

-Благодатниот оган секоја година, по благословот Божји, на чудотворен начин слегува во Гробот Христов. Истиот потоа се пренесува преку делегации и званични лица по сиот православен свет, соопшти Македонска православна црква – Охридска архиепископија.

Благодатниот Оган е едно постојано Божјо чудо што секоја година се случува на Велика Сабота, во Господовиот Гроб во Ерусалим. Светиот Оган е натприродно собитие, а тоа се гледа од начинот на кој се појавува, од тоа што пламенот во почетокот не изгорува, како и од фактот што тој предизвикува душевна промена кај многумина што се удостоиле да го видат. Благодатниот оган е несомнено дело на нествараната Божја благодат, но не и самата нестварна светлина од Тавор и од Христовото Воскресение. 

By Author