Седмата недела од Велигденскиот пост започнува денеска и се нарекува Страда, Страсна недела или Света седмица. Оваа недела се нарекува „страсна“ според старословенскиот збор „страст“ што значи страдање, трпение и болка.
Верниците ја минуваат страсната недела во строг пост, молитва и покајание со цел физички и духовно да се подготват за Велигден.
Великиот пост започна на 2 март и е најдолгиот од четирите пости, трае 48 дена и е најстрог пост во годината. Во време на овој пост треба да се воздржуваме од конзумирање месо, јајца, сирење, млеко, значи секоја храна што содржи животински масти.
Првите три дена од првата недела на големиот пост, се пости строго. Тоа важи и за последната недела од постот, која се пости на вода.
Оваа недела се карактеризира со строг пост на вода, се јаде само леб, сол и овошје, а Велики петок и Велика сабота се целосно без храна.
Во Велики понеделник започнува седмата недела од Великиот пост. Според црковното предание, оваа недела беше наречена Голема затоа што Исус Христос направи големи дела оваа недела.
Се верува дека на овој ден треба да се покаете ако мислите дека има причина за тоа, а особено ако некогаш сте изневериле некого. Треба да внимавате и на децата, бидејќи денеска е и празник на братска и сестринска љубов.
На Велики вторник православната црква го покажува Богочовекот Исус Христос како сезнаечки, кој во саботата кога го воскреснал Лазар, знаел дека еврејските старешини го осудиле на смрт.
На Велика среда се споменува предавството на Јуда. На тој ден во спомен на жената која истурила миро на христовите нозе, во црквите се врши една од седумте свети тајни-осветувањето елеј. Верниците тогаш се помазуваат со осветеното масло како лек за телесно и за душевно здравје.
На Велики четврток се служи литургија на Василиј Велики. На тој ден Исус Христос ја востановил светата тајна на причестување во облик на леб и вино што го претставуваат телото и крвта Господово. Вечерта има бдеење и се читаат 12 евангелија за Христовите страдања.
На Велики петок нема литургија. Тоа е најжалосниот ден за христијаните бидејќи Исус Христос бил осуден и распнат на крст. Во времето на смрттта на Синот Божји земјата се затресла, Сонцето се помрачило, а завесата во ерусалимскиот храм се искинала на два дела. Наместо камбани, во црквите се до недела се слуша звукот на клепалото. Вечерта се изнесува плаштеницата која го означува посмртното облекување и полагање во гробот на Исус Христос и се служи опело. По обиколката околу храмот верниците минуваат под плаштеницата.
На Велика сабота последниот ден од Велигденскиот пост се служи опело за Исус Христос. Во раните попладневни часови се служи литургија на Свети Василиј Велики. Доцна попладне во ерусалимскиот храм на Светиот гроб на Господ Исус Христос во кој претходно се изгасени сите свеќи и кандила се пали светиот оган што го прима ерусалимскиот патријах и потоа го пренесува на народот.