Чествувањето на 151 годишнината од раѓањето на великанот Гоце Делчев под огромни тензии во официјалниот дел на настанот сите делегации кои се пријавени ќе можат да положат цвеќе и да го чествуваат раѓањето на нашиот најголем револуционер и великан Гоце Делчев.
Полициски сили се распоредени во поширокиот реон околу цркавата Свети Спас и по целата должина на улиците кои водат до неа. Приспап имаат само лица со дозволи.
Во црквата Свети Спас ќе им биде дозволен пристап само на најавените делегации. Сите други делегации и граѓани кои не се најавени нема да можат да положат цвеќе за време на државната свеченост.
Големиот македонски револуционер Гоце Делчев е роден на денешен ден, 4 февруари 1872 година во Кукуш, во семејството на Султана и Никола.
Делчев се школувал во гимназијата во Солун и на Воената академија во Софија. Учителствувал во Штип, а како член на Централниот комитет на ТМОРО работел на создавање мрежа на бази, комитети и комитски чети на Организацијата. Учествувал на Солунскиот конгрес на ВМРО (1896), а до 1901 година бил задграничен претставник на ВМРО во Софија.
По убиството во 1903-та, неговите посмртни останки се чувале во Баница, до 1917 година, кога биле пренесени во Ксанти, а потоа во Софија. До 1923 година, ковчежето со коските се чувало во домот на Михаил Чаков.
Останките на Делчев на 11 октомври 1946 година се пренесени во црквата „Свети Спас“ во Скопје.