Стотици следбеници на влијателниот шиитски верски водач влегоа во парламентот по втор пат оваа недела во знак на протест против напорите на партиите поддржани од Иран да формираат влада.
Ирачките безбедносни сили се обидоа да ги спречат демонстрантите да влезат во зградата на парламентот користејќи солзавец и димни бомби.
На протестот во зелената зона во Багдад каде се наоѓаат институциите има илјадници луѓе.
Пред да упаднат во парламентот, тие ги отстранија барикадите поставени околу таа зона.
Неколку луѓе беа повредени, а шиитскиот верски лидер Моктада Садр повика на протест против проиранската влада.