Во слободното време, актерката Деми Мур практикува лежерен стил на облекување, каде што нема место за некомотни парчиња облека. За разлика од многу колеги кои носат и приватно гламурозна облека, оваа позната 58-годишна актерка ја гледаме само во фустани и потпетици на црвениот тепих. Надвор од тоа, таа сака да ги поминува деновите во – трегери.
Актерката неодамна беше снимена пред нејзиниот дом во Лос Анџелес во едноставна комбинација – црна блуза и трегери.
Овој модел на панталони порано беше многу популарен, а сега само повремено се враќа во мода.
Секако, многумина сепак би сакале да ги носат бидејќи е еден од најудобните модели на панталони.
Деми има различни варијанти во нејзината гардероба, од класични фармерки до едноставни и памучни.
Ги комбинира со маици, кошули и блузи, а кога станува збор за обувки, таа претпочита да носи мокасини, плитки чизми или патики.
Дали и вие би ги носеле овие панталони?!