Во салата Борис Трајковски денеска се вакинираа дел од медиумските работници. Министерот за здравство Венско Филипче го посети пунктот. Тој изјави дека се вакцинирани сите кои што имаат најголем ризик и кои што практично учествуваат во менаџирање на кризата од почеток на пандемијата.
-Припадници на АРМ, МВР понатаму вработените во училиштата, Министерството за труд и социјална политика во делот на градинките, правосудниот систем се вакцинирани, и во таа смисла денеска на ред се групите преку ЗНМ оние кои што навистина се на првата борбена линија би рекол уште од почетокот на кризата и со своето навремено информирање на јавноста пуштање на важните пораки се еден од клучните алки во менаџирањето на оваа здравствена криза, рече министерот.
Додаде дека во изминатите, 24 часа како и за време на викендот имало намалување на бројот на новопримени пациенти во сите болнички установи и во Скопје и ширум државата споредено со крајот на минатата недела.
-Иако има таков тренд на намалување се уште сме внимателни има доволен капацитет слободни болнички кревети се уште трае системот на ротација , координација во врска со приемите на пациенти помеѓу институциите во Скопје, како во Скопје така и помеѓу останатите болници и скопските, така да во таа смисла верувам дека трендот на намалување ќе продолжи, но ние сепак сме сеуште многу внимателни и будно ја пратиме ситуацијата денешната бројка на новодиагностицирани случаи е околу 300 меѓутоа тоа е очекувано, затоа што секогаш во недела имаме помалку направени тестови така да утрешниот ден ќе биде навистина некаков репер дали тој тренд на намалување на новодијагностицираните што беше и траеше во текот на изминатата недела ќе продолжи, заклучи Филипче.
Информира дека досега вакцинирани се околу 25.000 граѓани се веќе вакцинирани тука во салата борис трајковски и дека утре завршува вакцинацијата на вработените во критичната инфраструктура согласно националниот план.