Шест лица, меѓу кои три деца, загинаа откако жена отвори оган во приватно училиште во Нешвил.

Полицијата соопшти дека напаѓачот, чие име се уште не е објавено, убил три деца и тројца возрасни пред да биде смртно застрелан од полицијата.

Нејзиниот идентитет се уште не е потврден, но полицијата првично соопшти дека се сомнева дека е тинејџерка.

„Не знаеме која е таа. Се чини дека е во тинејџерски години“, изјави претходно на прес-конференција во понеделникот попладне Дон Аронс, портпарол на полицискиот оддел во Нешвил.

Подоцна потврдија дека се работи за локална 28-годишна жена.

Малку пред 10:13 часот, вооружениот напаѓач влегол во училиштето преку споредна врата и почнал да пука на вториот кат.

Полицијата пристигнала на местото на настанот и слушнала истрели од 2 кат. До 10:27 часот вооружениот напаѓач беше застрелан. Таа била вооружена со две пушки и пиштол.

На родителите им било кажано да ги земат децата од училиште, но други информации не биле дадени. Училиштето има околу 33 вработени и околу 260 ученици.

Многумина од тие ученици денеска беа видени како бегаат од зградата во училишни униформи откако почна пукањето.

Другите училишта во областа се затворени како мерка на претпазливост, но не се претпоставува дека има понатамошна закана, пишува Daily Mail.

By Author