Во текот на вчерашната вечер (15.12.2021) во периодот од 21.00 до 23.00 часот, спроведена е зајакната акциска контрола во делот на сообраќајот на територија на oпштина Гази Баба – Населба Сингелиќ, при што се санкционирани 29 возачи.
Од нив девет за возење без возачка дозвола, две возила со измината важност на регистрација… На сите прекршители изготвени им се соодветни поднесоци.
Засилените акциски сообраќајни контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта-соопштуваат од МВР.