Положбата на Сонцето кога сте родени игра многу важна улога
Астролозите тврдат дека нашиот карактер одлучувачки го обликува нашиот хороскопски знак и подзнак. Сепак, некои астролози тврдат дека на карактерот влијае дали сме родени дење или ноќе. Многу астролози објаснија како тоа влијае на нашите особини, таленти, способности…
Таа објасни дека луѓето кои се родени околу пладне, кога сонцето сјае најсилно, претставуваат отворени и многу храбри луѓе.
Од друга страна, луѓето кои се родени во текот на ноќта се генерално порезервирани и поинтровертни и се под поголемо влијание на Месечината отколку на Сонцето.
Некои астролози тврдат дека луѓето родени во текот на денот најдобро функционираат во текот на денот. Најчесто имаат најмногу енергија наутро, пладне или попладне и се екстровертни, искрени, активни, лесно склопуваат познанства итн.
Оние луѓе кои се родени во текот на ноќта, најчесто ги оставаат најважните задачи за крајот на денот, кога сонцето ќе зајде. Генерално се порезервирани, имаат свој свет, фантазијата им е силна страна.