Досега, политиката на Кина беше да дозволи Тајван да се врати во Кина природно, без употреба на сила.
Но, ако се попречи овој природен процес, тогаш Кина може да го изгуби трпението и да го реши проблемот со сила, предупредува поранешниот израелски разузнавач Јаков Кедми, пишува deita.ru.
Тој смета дека Кина реагира на „безобразните неразумни постапки на САД“ и смета дека токму Американците ја подгреваат ситуацијата со Тајван и покрај сите ветувања што ги дале.
Според Јаков Кедми, Кина воопшто не сака да се меша во европските работи. Затоа Пекинг не сака Европа да се меша во она што се случува околу Тајван.