Генералниот секретар на ОН Антонио Гутереш ги повика Русија, Соединетите Американски Држави и НАТО да се воздржат од активности кои би можеле да доведат до ескалација на ситуацијата, изјави денеска заменик портпаролот на генералниот секретар Фархан Хак.

„Па, верувам дека генералниот секретар вчера беше конкретно прашан за тоа, а јас би сакал да ве упатам на она што тој го кажа. Тој сака страните да избегнуваат каква било реторика и се што може да ја ескалира ситуацијата“, рече Хак пренесува ТАС С .

Одговарајќи на вчерашното прашање на руската новинска агенција, Гутереш рече дека верува оти дијалогот меѓу Русија, САД и НАТО е од критично значење, бидејќи светската заедница е загрижена од моменталната ескалација на тензиите.

Тој повика да се избегне секаков вид конфронтација што би била катастрофа за Европа и светот.

By Author