Во Брјанск на 150 километри североисточно од украинската граница избувна пожар во складиштето за нафта Транснефт Брјанск Дружба во Брјанск, соопшти прес-службата на руското Министерство за вонредни ситуации.

Министерството за вонредни ситуации во Брјанск соопшти дека добиле дојава за пожар во 2 часот по полноќ по московско време.Евакуација на населението не е планирана, а според првичните податоци во пожарот нема повредени, пренесува Интерфакс.

Агенцијата РИА Новости наведува дека не е забележана зголемена концентрација на штетни материи во воздухот и додава дека граѓаните рекле дека слушнале две експлозии.

РИА Новости прецизира дека пожарот избувнал во резервоарите за складирање и во друг објект, додека агенцијата Интерфакс јавува дека пожарот избувнал во друго складиште за нафта во Брјанск.

Транснефт-Дружба (подружница на Транснефт) има цистерни со капацитет од 3,1 милиони кубни метри, а производствените капацитети на компанијата се наоѓаат во 11 руски региони. Компанијата управува со нафтоводот „Дружба“, кој испорачува нафта од Русија во Европа.

https://twitter.com/CanadianUkrain1/status/1518414426810036231?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1518414426810036231%7Ctwgr%5E%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsvet%2Fvideo-dva-velika-sladista-nafte-gore-u-rusiji-mestani-culi-dve-eksplozije%2F

By Author