Шпанската полиција откри тајна лабораторија во центарот на Барселона каде што „криминална организација“ произведувала шарени гумeни бонбони од марихуана, а потоа ги испраќала во Хрватска, Италија, Франција, Португалија, Германија и Холандија.
Пронајдени се 70 пакувања, 5.000 бонбони марихуана, 12 килограми марихуана и шест килограми хашиш“, објави шпанската цивилна гарда на Твитер.
Во акцијата се уапсени тројца државјани на Велика Британија, Холандија и Русија.
Полицијата започна истрага откако пресретнала низа пакети кои биле испратени преку пошта и во кои имало бонбони со марихуана.
„Организацијата лоцирана во Барселона добивала нарачки преку апликација со шифрирани пораки или преку „Deep Web“, а потоа марихуаната скриена во бонбоните била испратена по пошта во бројни земји во Европа“, се вели во соопштението.