Една студија покажува дека новите родители гуглаат за бебињата шест пати на ден.
Ако сте нов родител, сигурно имате безброј прашања и секојдневно се борите со несигурностите. Првиот пат во било што е голем предизвик, а првото дете веројатно најголем.
Во денешно време е многу полесно да се дојде до информации. Ако погледнеме само три децении наназад, ќе забележиме дека родителството било многу понапорно во таа смисла. Денешните родители можат да стигнат до мноу совети за неколку секунди и со неколку клика.
Google е третиот родител во вашето семејство
Студијата спроведена на 2.000 родители со деца помлади од две години покажа дека новите родители во просек шест пати на ден го прашуваат Google за бебињата. Со едноставна пресметка доаѓаме до околу 2.000 прашања во првата година од животот на детето.
Најчесто поставуваните прашања од овие родители беа за тоа кои производи за бебиња ги препорачуваат експертите и како да се грижите за кожните состојби како што е осип на пелена (43 проценти). Родителите барале и информации за храна за бебиња (40 проценти), причини за плачење на бебето (38 проценти) и зошто нивното бебе не спие (37 проценти).
Бебињата се вистинска мистерија за родителите
Дури 38 отсто од анкетираните родители признале дека биле изненадени кога сфатиле колку малку всушност знаеле за грижата за бебе во првата година.
Неизвесноста и стравот од правење грешки во текот на првата година од животот на детето се навистина големи, а 71 процент од родителите кои учествувале во истражувањето признале дека на тој пат многу се потпирале на експерти за родителство.
Покрај користењето на Google, во текот на првата година родителите им се јавиле на своите родителите околу 56 пати, а на медицинските експерти 67 пати. Тие, исто така, поминале во просек 1.600 часа држејќи го своето бебе и мачејќи се низ 77 непроспиени ноќи, па не е ни чудо што морале да бараат помош.
Иако првата година од родителството може да биде тешка, две третини од испитаниците веруваат дека родителството е нивното најголемо животно достигнување. Родителите особено уживаа во некои смирувачки ритуали со своите бебиња, како што се нанесување лосион (42 проценти), држење (39 проценти) и фотографирање заедно (38 проценти).