Уапсена 44-годишна З.Г од с.Старо Коњарево, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „кражба“.

Како што информираат од МВР на 29 минатиот месец пријавената отишла во куќата на Л.А. во с.Старо Коњарево и му одзела чанта со пари во различни валути. А на 07 изминатата недела, полициски службеници ги пронашле парите кои потекнуваат од кражбата, закопани во дворното место од куќата на З.Г., кои по овластување на Јавен обвинител биле вратени на оштетениот.

By Admin