Доколку сте на Инстаграм или ТикТок, сигурно сте забележале фотографија или видео од девојки во бикини како се фотографираат на снег во последните денови. Што ја предизвика лудоста по голи тела во снегот?

Станува збор за бизарен тренд кој започна во 2019 година откако сестрите Кардашијан го искористија зимскиот одмор за да се снимаат во бикини.

На овој тренд подоцна му се придружија и многу други познати дами како Ванеса Хаџенс, Нина Добрев, Џесика Симпсон, Елизабет Харли, Мараја Кери и Ријана.

Кендал Џенер пред четири дена објави уште една фотографија на која позира во бикини и дебели чизми и собра речиси 12 милиони лајкови.

“На жените им е здодевно да носат излитена облека и да бидат покриени од глава до пети. Ова е начин да се забавувате и во зима”, објаснила една инфлуенсерка.

Бразилката Таис Мацена изјавила дека не може да поверува кога видела дека на нејзиниот профил најмногу им се допаѓа фотографијата на која позира во бикини на снег.

Зад бизарниот тренд нема рационално објаснување, освен фактот дека се се сведува на тоа да се сака што повеќе лајкови. И не, не го спомнувајте Вим Хоф.

By Author