Блатер и Платини се обвинети и ќе им се суди за измама, лошо управување, проневера и фалсификување
Швајцарскиот федерален суд соопшти дека судењето на поранешните претседатели на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА), Сеп Блатер и Европската фудбалска унија (УЕФА), Мишел Платини, ќе трае од 8 до 22 јуни.
Ним им се суди за измама, лошо управување, проневера и фалсификување.
Швајцарското обвинителство против нив двајца во ноември минатата година поднесе обвинение за незаконско прибавување на 1,8 милиони евра (два милиони швајцарски франци).
Како прв човек на ФИФА, Блатер тие пари му ги исплатил на Платини за консултантски услуги во периодот од 1998 до 2002 година.
Парите се исплатени во 2011 година, повеќе од осум години откако Платини ја напушти функцијата советник на претседателот на ФИФА, што обвинителството го смета за „неосновано“.
Од почетокот на истрагата двајцата разговараат за устен договор, според кој годишната плата на Платни е милион швајцарски франци, но тоа тогаш не можело да се плати.
Според швајцарскиот закон, измамата се казнува со парична казна или пет години затвор.