Британската кралица Елизабета беше монархот со најдолго владеење, а почина на денешен ден, 8 септември, во замокот Балморал, замок кој се наоѓа во Шкотска.
Кралот Чарлс и оддаде трогателна почит на својата покојна мајка, кралицата Елизабета Втора, на првата годишнина од нејзината смрт.
Балморал беше омилената кралска резиденција на кралицата Елизабета, од каде Чарлс симболично испрати порака на годишнината од нејзината смрт.
-Одбележувајќи ја првата годишнина од смртта на нејзиното покојно височество и моето преземање на функцијата, со голема љубов се сеќаваме на нејзиниот долг живот, посветена служба и сето она што таа значеше. И јас сум длабоко благодарен за љубовта и поддршката што ни ја покажавте на мојата сопруга и мене во текот на оваа година, бидејќи правиме се што можеме за да бидеме од корист на сите вас – рече Чарлс, а пренесува Page Six.
Принцот Вилијам и принцезата Кејт му оддадоа почит на починатиот монарх на својата страница на социјалните мрежи, споделувајќи серија фотографии од кралицата на различни кралски ангажмани.
– Денеска се сеќаваме на извонредниот живот и наследството на нејзиното покојно височество кралицата Елизабета. На сите ни недостасуваш. V & C – напишаа принцот и принцезата од Велс во објава на Инстаграм.
Кралот Чарлс и неговата сопруга, кралицата Камила, не се очекува да се појават во јавноста и наместо тоа ќе го поминат денот „тивко и приватно“ во имотот Балморал.
Објавено е дека кралот, наводно, не ги поканил принцот Хари и Меган Маркл на собир на кралското семејство по повод одбележувањето на една година од смртта на кралицата – и покрај тоа што двојката е во Европа.