Кими Рајконен 1979. Возач во Формула1, светски првак од 2007 и рекордер по бројот на извозени трки во формула еден. Финецот 20 минути пред своето прво гран при во Ф1 бил во кревет и спиел. Благодарение на тоа што е смирен, ладен и пресметан го добил прекарот “Iceman”.
Во 2001 година пред 20 години како дел од Заубер Петронас Кими Раиконен ја започнал својата кариера во Формула1. По само една година тој преминува во Мекларен Мерцедес и таму останува пет години.Во првенствата 2002 и 2003 година со Мекларен завршува како второ пласиран позади Шумахер,и Алонсо.
Со преминувањето во Ферари во 2007 година станува најплатениот возач во формула1, а истата сезона ја освојува и шампионската титула.
Од 2010 до 2012 Кими се натпреварувал во светското првенство во рели(WRC) по што повторно се вратил на Ф1 како возач на Лотус,во 2014 се враќа во Ферари се до 2019 а последните години вози за Алфа Ромео.
“Не знам како ќе се чувствувам во недела кога ќе ја поминам целта.Можеби мојата сопруга ќе биде по емотивна. Во овој момент не размислувам за иднината и што ќе правам понатаму” изјавил финецот.