Гладот го опустошува јужниот дел на Мадагаскар, каде што децата немаат што да јадат, откако сушата и песочните бури ги уништија посевите, објави денеска Светската програма за храна.
Еден од директорите на Светската програма за храна за глобални операции, Амер Дауди, рече дека посетил села каде луѓето биле принудени да јадат скакулци и лисја.
„Бев сведок на ужасни слики на гладни, неухранети деца, и не само деца, туку и мајки, родители и жители на селата во кои бевме“, рече Дауди за време на брифингот, објавен од „Reuters“.
Тој рече дека жителите на тој дел од Мадагаскар се на „работ на глад“.
„Одамна не сум видел такви слики низ целиот свет“, додаде Дауди.
„Неухранетоста скоро двојно се зголеми на 16 отсто од девете проценти во март 2020 година, по петтата последователна година на суша, интензивирана оваа година од песочни бури и доцни дождови“, додава директорот.
Светската програма бара 75 милиони долари за итно покривање на најосновните потреби на населението во изминатите неколку месеци.