Повеќе од 100.000 бегалци пристигнале во Ерменија од Нагорно Карабах, изјави шефот на Високиот комесаријат за бегалци на ОН, Филипо Гранди.
„Многумина се гладни, исцрпени и имаат итна потреба од помош“, изјави Гранди доцна синоќа на социјалните мрежи, пренесе Ројтерс.

Речиси сите Ерменци од Нагорно-Карабах ја напуштија таа територија во егзодус по офанзивата на Азербејџан и предавањето на ерменските сепаратисти.

„Од минатата недела, вкупно 21.043 возила го поминале мостот Хакари, кој ги поврзува Ерменија и Нагорно Карабах“, рече Багдасарјан.

Некои со денови стоеја во редици бидејќи кривулестиот планински пат, единствениот кон Ерменија, беше блокиран.

Претставник на агенцијата за бегалци на ОН претходно изјави дека вкупниот број бегалци може да достигне 120.000, што одговара на проценките на целото население на Нагорно-Карабах.

Азербејџан рече дека ќе ги почитува правата на етничките Ерменци кои избираат да останат, но дека засекогаш го уништил концептот на отцепена држава.

Властите на Нагорно Карабах објавија дека сите институции на самопрогласената држава ќе престанат да постојат од 1 јануари 2024 година.

Претходно, Азербејџан прогласи прекин на огнот откако започна „антитерористичка операција“ и откако ги принуди ерменските сепаратистички сили да прифатат целосно воспоставување на азербејџанска контрола во Нагорно Карабах, наведува Ројтерс.

By Author